Бороец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бороец
Бороец 03.jpg

Поглед на селото Бороец

Бороец се наоѓа во Republic of Macedonia
Бороец
Местоположба на Бороец во Македонија
Координати 41°17′21″ СГШ 20°35′45″ ИГД / 
Општина Coat of arms of Struga Municipality.svg Општина Струга
Население 679 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 780 м
Анастас Крстев Стојчев - виден духовник од Бороец

Бороец е село во Општина Струга. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 679 жители. Селото е претежно населено од Македонци, но дел од Македонците-муслимани се изјасниле како Турци или Албанци поради религиско-политички причии.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северозападните делови на областа Струшки Дримкол, на 17 километри оддалеченост од градот Струга. Селото лежи во подножјето на Јабланица.

Историja[уреди | уреди извор]

На крајот на 19 век, селото било дел од Струшката каза на Отоманската Империја. Според податоците од 1873 година, селото имало 172 жители мажи. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало население од 360 жители Македонци христијани и 200 Македонци-муслимани.[1] Според бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото во 1905 година имало население од 320 жители христијани Македонци.[2]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 679 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]

Националност Вкупно
Македонци 193
Турци 175*
Роми 0
Албанци 74*
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 187*

Селото е претежно населено од Македонци, но дел од Македонците-муслимани се изјасниле како Турци или Албанци поради религиско-политички причини.

Во поглед на мајчинот јазик, населението се изјаснило како[4]:

јазик вкупно
македонски јазик 620
албански јазик 3
турски јазик 2
други 4

Од религиски аспект, во пописот од 2002 година, се регистрирани:

религија вкупно
муслимани 560
православни 63
други 6

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[5]
Џамии
Археолошки локалитети[6]

Личности[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
  2. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 184-185.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Попис на Македонија, 202: јазик, религија и етничка припадност
  5. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  6. Коцо, Димче(1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Портал „Македонија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]