Дичо Зограф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден март 1810
Тресонче, Македонија
Починал 1872


Димитар Крстев Дичов, познат и како Дичо Крстевиќ и најпознат како Дичо Зограф бил македонски иконописец, претставник на дебарската школа.

Резиме[уреди | уреди извор]

Икона „Успение Богородично“ во село Епаноми Солунско, 1866 г.

Димитар Крстев, или познат како Дичо Зограф е еден од најпознатите иконо и фреско-сликари на Балканот во 19-век. Во неговиот краток живот тој насликал повеќе од 2.000 икони за потребите на правоверските цркви, насекаде во Македонија, Србија и Грција. Творештвото на тресончанецот Дичо Зограф означува крај на еден илјадагодишен идејно-естетски систем и почеток на сосем нов период во македонската историја на уметноста. Дичо во своите икони владее со моделацијата. Во својата дејност тој систематски работи на нови иконостаси, ги обновува и дополнува постоечките, осликува одделни ѕидни површини со живопис и работи на цели ансамбли во новоизградените и доградените цркви и манастири. Карактеристично за неговата дејност е тоа што иконите ги сликал врз неутрална, најчесто златна заднина, а со тоа повеќе ја нагласувал духовноста на ликовите на светителите. Познатиот Дичо Зограф освен иконите, оставил и една книга “Ерминија” во која ги запишал сите работи за неговиот живот,за семејството,а на 201 страница напишал и се што знаел за зографисувањето.

Основни биографски податоци[уреди | уреди извор]

Димитар Крстев, или познат како Дичо Зограф е роден во маало Лековци, село Тресонче, во Мијачкиот регион во Македонија, во 1819 година. Неговите родители му го дале името Димитар, а од името на неговиот татко, чие име е Крсте, тој е Димитар Крстев. Кога Димитар бил мал дознал дека е задоен во Селце и таму имал друг татко, но неговиот татко умрел кога Крстев имал една година, а неговата мајка се премажила во маало Лековци, во Тресанче. Татко му, Крсте Перков, бил зограф, но повеќе бил резбар и копаничар. Кога пораснал Дичо, татко му го зел со него, во неговата копаничарска група. Работеле многу, но Крстев тоа не го привлекувало, па се повеќе се загледувал во зографите со кои татко му често се гледал и другарувал. Во тоа време во манастирот Бигорски имало многу зографи и Дичо Зограф заминал од кај татко му и отишол кај зографите. Бигорските зографи кои занаетот го печеле на Света Гора Атонска му ги покажале темелите на зографството.Дичо Зограф за зографството најмногу научил од мајсторот Михаил од Самрина, Цинцар. Отпрвин помладите во кои бил и Дичо Зограф ги цртале првите слоеви од иконите и на крајот мајсторот ги поставувал последните сенки,па на тој начин светијата добивала невидена убавина.По многу работа на Дичо му било предложено да води една помала група,која требало да замине по црквите и манастирите во Далека Земја,во Долна-Егејска Македонија.Дичо Зограф ја прифатил понудата и со групата поминале голем дел од Егејска Македонија и насликале многу икони и фрески.Своето прво целосно зографско дело го насликал додека бил во Драма.Потоа тој заминал во Скопје и насликал нешто повеќе од 50 иконостасни икони за иконостасот на црквата “Света Богородица”.Така Дичо Зограф го започнал зографскиот занает.Димитар Крстев се оженил на 20 години.Имал седум синови и една ќерка .Годишно работел по околу педесет големи дела.Во нашите краишта го донел барокот кој доаѓал преку Света Гора и Солун,преку македонските мијачки зографи и резбари кои го учеле занаетот во манастирот “Зограф” на Атос.Дичо Зограф умрел на 54 години,во 1873 година.Причината за смртта на познатиот сликар Дичо Зограф не е позната.Едни извори велат дека тој имал треска или настинка,а некои извори посочуваат дека Дичо Зограф бил болен од пневмонија.Други пак извори велат дека Дичо Зограф го отрула неговата жена и дека тоа не било случајно туку наместо ракија во неговиот чај му турила од отровот со кои ги мешал златните бои за иконите.Некои пак велат дека случајно се сторила несреќата.Сакале да го закопаат во неговото маало Лековци,под стариот костен,на гробиштата кои тој ги направил,но попот и учителот рекле дека треба да го закопаат во дворот на црквата која се наоѓала сред селото,бидејќи многу работи направил за неа.Но и местото каде бил закопан Дичо Зограф не е познато.Некои зборувале дека бил закопан на Долни Ленишча,крај реката.Но постојат тврдења дека Дичо Зограф бил закопан на малите гробишта сред селото,од каде потоа коските му биле префрлени во костурницата во “Свети Николче”.Денеска во Тресонче од куќата на Дичо во Лековци останале уште неколку камења.Србите и Бугарите го сметале Дичо Зограф за нивни сликар.Србите велеле дека е најголемиот српски зограф,Бугарите пак го сметале во групата на бугарски творци,но сепак познатиот Дичо Зограф е македонски сликар.За тоа сведочат и неговите изјави во кои тој си кажувал дека е од Мијак од Тресанче.Сепак каков бил неговиот лик не се знае,за тоа дознаваме од неговиот говор”Илјадници слики светии зографисаф и ‘и потпишаф со писмо "из руки Дича Зографа", а моево грешно лице никоде не го насликаф, па денес не ме зноете какво лице су носел на себе”.Тој сметал дека преку неговите дела може да се дознае се за неговата душа и неговиот лик,поради тоа никаде не го насликал својот лик.

Творештво[уреди | уреди извор]

Димитар Крстев(Дичо Зограф) бил значаен сликар,кој за краток период насликал повеќе од 2.000 икони за потребите на правоверските цркви,насекаде во Македонија,Србија,Грција.Со неговото творештво започнал во 1835 година.Од 1844 до1845 година сликал по црквите и манастирите на Скопска Црна Гора во село Кучевиште.Во 1844 година отишол и во Бигорскиот манастир каде во следните четири години зографисал неколку престолни икони.Го насликал “Исус Христос”,”Света Богородица”,”Свети Јован Крстител” и иконата “Свети Свети Ѓорѓи Димитрија”.После тоа работел во Бањани,тоа било во 1845 година,кога ги насликал и иконите во црквата во Тресанче,во “Свети Петар и Павле”(“Света Богородица Одигитрија”, ”Свети Јован Претеча” и “Сабор на светите апостоли”),а во следната година и иконите “Свети Никола Чудотворец”,”Свети Три Јерарси”,како и иконата “Свети Атанасие”.Истата година насликал и други икони за тресанечкиот храм,како што се иконите на “Света Недела” и на “Света Параскева”а во 1847 година ја насликал и иконата на “Свети Архангел Михаил”,со помош на Петре Пачар, кој бил потпишан на иконата како ученик на Дичо Зограф.Од 1847 до 1849 година работел во Тресанче.Тогаш ги насликал иконите:”Томино неверство”,”Раѓање Христово”,”Крштевање Христово”,”Раѓање на Света Богородица”,”Свети Свети Пантелејмон и Трифун”,”Свети Свети Кузман и Дамјан”,”Преображение Христово”,”Успение Богородичино”,”Воведение на Пресвета Богорорица во храмот”,”Свети Свети Ѓорѓи и Димитрие”,”Свети Свети Константин и Елена”,”Свети Свети Евстахие и Јулијан” и “Слегување на Светиот Дух”.Особено успешно дело на Дичо Зограф е животописанието на големиот иконостасен крст во голамата тресонечка црква кое го завршил во 1854 година.На зографисувањето на тресонечката црква работел од1844 од 1854 година.Во исто време есента во 1849 година отишол и во Вевчани каде ја изработил иконата “Света Богородица со Христос”,следната година бил во горнореканските села Сенце и Кичиница,а потоа и во Охрид каде во црквата “Света Богородица Каменска” нацртал една иста икона како иконата во Вевчани.Во Охрид за две години насликал околу 40 икони меѓу кои била и иконата “Свети Врачи Големи” во црквата “Света Богородица” во Охрид.Во овие години Дичо Зограф успеал најмногу да ги искористи сите негови творечки можности.Во следните години ги насликал следните позначајни икони:Иконостасот во црквата “Свети Димитрија” во село Волковија,кој го нацртал во 1852 година,иконостасот во црквата “Свети Никола” во манастирот во село Љубанци во 1853 година,во храмот “Свети Никола” во Куманово во 1856 година,во црквата “Свети Илија” во село Кадино во 1857 година,”Света Марина” во село Зубовце во 1859 година.На крајот во 1859 година заминал во Србија и во Врање каде сликал во црквите “Света Троица”,а 1860 и 1861 година Дичо Зограф повторно бил во Македонија и сликал во црквата “Света Богородица” во Скопје ги насликал “Свети Свети Константин и Елена”,”Света Богородица”,а потоа бил во Охрид каде работел во храмовите “Свети Никола Геракомија”,”Света Богородица Челница”,”Света Богородица Каменска”,”Света Богородица Болничка”,”Света Богородица Перивлептос” и во “Свети Димитрија”.Во овие години Дичо Зограф нацртал стотици и стотици икони,а имало и многу луѓе кои сакале да им црта светии.Од 1862 година Дичо Зограф го префрла тежиштето на својата дејност во Охрид каде станал еден од најбараните иконописци.Во овој период Дичо Зограф работел икони и живопис за православните храмови во Охрид,најчесто ги обновувал постарите иконостаси и досликувајќи ги надворешните.Меѓутоа со зголемената продукција и се поголемото учество на неговите помошници во финалните работи,постепено почнал да опаѓа квалитетот на ликовната изведба.Во 1867год.го работи иконостасот во храмот Св.Никола во Вевчани, а неговиот син Аврам, започнува со фрескоживописување на истиот храм и завршува 1879год.

Карактеристики на творештвото[уреди | уреди извор]

Творештвото на тресончанецот Дичо Зограф означува крај на еден илјадагодишен идејно-естетски систем и почеток на еден сосем нов период во макединската историја на уметноста.Преку неговото творештво т.е. честите потписи како и стилската анализа и атрибуција на неговите дела може континуирано да се следи неговиот творечки пат.Карактеристично за неговото творештво е површинското решавање на формите и линијата како основно изразно средство.Во почетниот период од својот ликовен развиток Дичо Зограф не бил во состојба да се ослободи од графичката шема на образецот.Облеките на неговите слики биле крути и тешки,сликани површински,а диплите ги формирал во вид на покуси и подолги линии и слободно нанесени петна најчесто со златна боја.Додека пак иконите и иконостасите работени кон крајот на четириесетите години на 19 претставуваат повисока фаза од неговиот ликовен развој.Педесетите години се период на творечката зрелост на Дичо Зограф.Иконите од иконостасите работени во ова време се подредени на единствена формално-стилска и идејно-естетска концепција.Дичо Зограф во неговите творби сигурно владее со моделацијата.Иконите ги сликал на неутрална,најчесто златна основа,со што на ликовите им давал спиритуалност префрлајќи ги во еден надсетилен простор.Впечатокот го дополнувале раскошните облеки на светителите.Малите пак формати на Дичо Зограф,како што се празничните икони,по углед на своите претходници и современици,ги исполнувал со множество ликови,со фантастична архитектура и пејсаж во заднината.

Преглед на најзначајните дела на Дичо Зограф[уреди | уреди извор]

  • 1844 Бигорскиот манастир “Исус Христос”;”Света Богородица”;”Свети Јован Крстител”
  • 1845 “Свети Петар и Павле” “Света Богородица Одигитрија”;”Свети Јован Претеча”; “Сабор на светите апостоли”
  • 1847 “Свети Петар и Павле” “Свети Архангел Михаил”
  • 1847-1849 црквата во Тресанче :”Томино неверство”;”Раѓање Христово”;”Свети Свети Пантелејмон и Трифун”;”Преображение Христово”;”Свети Свети Ѓорѓи и Димитрие”; “Слегување на Светиот Дух”
  • 1849 Вевчани “Света Богородица со Христос”
  • 1851 “Света Богородица”-Охрид “Свети Врачи Големи”
  • 1860-1861 “Света Богородица”- Скопје “Свети Свети Константин и Елена”,”Света Богородица”
  • 1865 "Успение на Пресвета Богородица" - Епаноми, Солунско
  • 1867 месец март со различни датуми - изработени се Престолните икони во храмот Св.Никола-Вевчани
и тоа: ГИХ-Архиереј, Пресвета Богородица,Св.Јован Крстител,Св.Никола,Вознесение, Преображение,Св.Наум Охридски и Св.Вмч.Ѓорѓи;

Останати активности[уреди | уреди извор]

Освен што бил добар иконо и фреско-сликар Дичо Зограф бил и учител на познатите зографи Максим Ненов-војводата,Блаже Дамјанов,Исаија Мажоски,на неговиот син Аврам,на синот на зографот Петре Пачар,Глигорие и други.



текст преземен од статијата за Тресонче


Здравој живо!

По толку годиње зборвање за мене и за моите дела и живописанија по дуњава, се стори и теа... и ја да си кажа лаф-два за моето животописание од моето село Тресанче, па до целава земја балканска. За оније кои не ме зноет, ја су Дичо, велит су бил еден од најголемите животописци, сиреч зографи на земјава во 19 век. Паметува оти дур бев во светот, зографисав и погоре от 2.000 икони. Тије икони сега требет да се вардит како зениците во очите ви, зашчо како големи и важни слуша оти пред година-две беје извадени и во големиот универзитет Сорбона во френската држава.

Сите се тегнет и се кошкает за мене. Србите велит су бил највеликиот српски зограф, Болгарите ме клавает меѓу творците болгарски, а ја можа да реча оти су бил Мијак от Тресанче. Илјадници слики светии зографисаф и ‘и потпишаф со писмо "из руки Дича Зографа", а моево грешно лице никоде не го насликаф, па денес не ме зноете какво лице су носел на себе.

Нејсе, тога ќа требет да ме погледате во душава и во сликине шчо су ‘и оставил, па од ним да познаете шчо лице су ликувал. А, за нив не берете гајле. Ви оставив една Ерминија, коде ви ‘и запишав сите рабоќе за животов мој, невестата, децата и за мајсторлакот зографски.

Ја су роден во родот от татка ми Крсте и дедо ми Перко во 1819 година во маало Лековци, село Тресанче, Деборска держава. Моите ми го клале името Димитар, па од татка Крсте, су бил Димитар Крстев. Коа беф помал, како еднуш да начуф оти су задоен в Селце, кое е на пол саат одење од Тресанче и оти таму су имал друг татко. Коа тој умрел ја су бил руљче, а мајка ѓова се преможила в маало Лековци в Тресанче. За овеа нешчо не зно, а тресончанецот Томо Смиљаниќ - Брадина, академик по ука, попатно го запишал теа по кажување на постари селани.

Татко ми, Крсте Перков, беше зограф, ама повеќе беше резбар и копаничар. Работее еден до еден со Негрија Фрчкоски и син му Макарие от Галичник.

У нас ф куќи от секогаш се зноело за ред. Се зноело кој шчо правит и коде му е местото. Памета како в Лековци мајчето вардеше на сите нас, на куќата, стоката, коснувањето... не зно како пустата ја вадеше онаа снога од себе. Стоката секогаш беше подалеку од нас, а в куќи никогаш не сме спале на душеме, а на кревети. Коа ќе доеше време да се ручат ќа седнефме на маса, а мајче на сите ќа ни туреше од зготвеното в каленик, ќа ни наредеше лајци и никој не почнувафме да јадеме дур не седнеше и таја на маса. Коа ќа го разделефме јадењето, тате Крсте је велеше: “Ај, почни”. Таа пак, ќа му преречеше: “Е, ти почни прв де, ти си домаќин”. “Не, не, домаќинката е ст’лбот на куќава”, ќа је одговореше тате.

Тој пак, горе ф куќи имаше едно одајче коде работеше. Тамо ‘и чуваше мастрафите, алатките и боите, па не даваше никому од нас да припирисат во него, зашчо мие деца бефме, ќа му префатиме нешчо и ќа му расипеме.

Коа малу потпораснаф тате ме збра со него, во неговата копаничарска тајфа. Работефме многу, ама мене рокава не ми фаќаше со љубов егињата, длетата, чеканите, па сî повеќе се загледуваф во зографите со кои тате често се гледаше и другаруваше. ‘И имаше тога многу во манастирон Бигорски (фото - долу лево), па ја кроце-кроце заминаф от кај татка и појдов коде нив.

Бигорските зографи кои занаетот го печеле на Света Гора Атонска на место ми покажае темелите на зографството. Тога тајфите ‘и водеше мајсторот Михаил од Самрина, Цинцар от кого многу научиф.

Отпрвин мие помладите ‘и цртавме првите слоеви од иконите, а за на крај мајсторот саде ‘и клаваше последните сенки и светијата добиваше невидена убавина, како да сакат да станет и да ти проговорит.

По многу работа, еден ден мајсторот дојде и ме праша дали сака да вода една помала тајфа која се токмела да заминуват по црквите и манастирите во Далека земја, сиреч Долна - Егејска Македонија. Ми се стори голем ќеф и прифатиф. Заминафме и во следните месеци ја поминафме речиси цела таја земја и заедно насликафме многу икони и фрески.


Дур бефме во Драма, се стретифме со мајсторот Михаил и како шчо ми било судено, коде него го насликаф првото мое целосно зографско дело. После теа заминаф в Скопје и за иконостасот на црквата “Света Богородица” насликаф нешчо повеќе от 50 иконостасни икони.

Таке го почнаф ја занаетот зографски.

Теа беше некоде во 1835 година. От туе, па сî до смртта, изработиф повеќе од 1.600 икони и фрески, станав мајстор, учител на познатите зографи Максим Ненов - војводата, Блаже Дамјанов, Исаија Мажоски, на син ми Аврам, на Јосиф Радевиќ и на синот на зографот Петре Пачар, Глигорие.

Токо, пред теа ме фтасае годините за женачка. Се ожениф на 20 години. От венчавањето подоцна ми се родије седом синови и едно момале. Синовите ми беје: Аврам, Нестор, Арсение, Евгение, Спиридон, Ефтим и Божин, а ќерката Темјана.

Коа нап’лниф 22 години со тајфата заминафме за в Охрид, а веднаш потоа нî викна лазаровскиот ќеаја, Ѓурчин Кокале за да ја зографисаме новата црква. За теа лично се заложил владиката Анатолиј Зографски, родум од овеа село, коа чул оти ќеајата имат намера да викат зографи дури от Света Гора.

Од 1844 до 1845 година сликаф по црквите и манастирите на Скопска Црна Гора во село Кучевиште. Да спомена само оти дур работефме туека рабоќето 'и вардеше Михајло, исто така от Тресанче од маалото Јуруковци, кој му беше татко на Јосиф, кој подоцна стана кмет на Скопје и изгради многу чуда за градот.

Во 1844 година појдуваф и в Бигорскиот манастир, коде во следните четири годиње зографисаф неколку престолни икони. Го насликаф Исус Христос, "Света Богородица", "Свети Јован Крстител" и иконата "Свети Свети Ѓорѓи Димитрија".

После теа работаф во Бањани, а во таја 1845 година 'и насликаф и иконите во црквата во Тресанче, во “Свети Петар и Павле” (“Света Богородица Одигитрија”, “Свети Јован Претеча” и “Сабор на светите апостоли”), а во следната година и иконите “Свети Никола Чудотворец”, “Свети Три Јерарси” (“Свети Василие Велики”, “Свети Јован Златоуст” и “Свети Григорие Богослов”), како и иконата “Свети Атанасие”. Во истата година насликаф и други икони за тресанечкиот храм. Теа беа престолните икони на “Света Недела” и на “Света Параскева”, а во 1847 година и иконата на “Свети Архангел Михаил”. Цртањето на оваа икона ја помогна Петре Пачар от нашево село, па му дадоф да се потпишет под неа, како мој ученик.

От 1847 до 1849 година воглавно останаф во Тресанче со мали отсуства, оти по молба на селскиот главатар и ктитор, Саржо Брадина, требеше да се довршит рабоќето. Тога ‘и насликаф следниве икони: “Томино неверство”, “Раѓање Христово”, “Крштевање Христово”, “Преполовување на Педесетницата”, “Раѓање на Света Богородица”, “Свети Свети Пантелејмон и Трифун”, “Свети Свети Кузман и Дамјан”, “Преображение Христово”, “Успение Богородичино”, “Воведение на Пресвета Богородица во храмот”, “Свети Свети Ѓорѓи и Димитрие”, “Свети Свети Константин и Елена”, “Свети Свети Евстахие и Јулијан” и “Слегување на Светиот дух” во 1849 година.


Особено успешно ми беше животописанието на големиот иконостасен крст во големата тресонечка црква кого го завршив во 1854 година.

Зографисувањето на оваа црква траеше сe на сe од 1844 до 1854 година.

Во исто време во 1849 година есента заминаф накусо и во Вевчани коде изработиф една икона, "Света Богородица со Христос", а следната година беф во горнореканските села Сенце и Кичиница, а потоа и в Охрид коде во црквата "Света Богородица Каменска" нацртаф една иста икона како вевчанската. Годинава во Охридско зографисаф 21 икона, а ушче толку и следната коа ја нацртаф иконата "Свети Врачи Големи" во црквата "Света Богородица" исто таке в Охрид.

Шчо да ви кажа? Овие годиње успеаф најцеловито да 'и исползува сите мои творечки можности, па во следните годиње 'и зографисаф следниве позначајни икони: Иконостасот во црквата "Свети Димитрија" во село Волковија (1852 година), иконостасот во црквата "Свети Никола" во манастирот во село Љубанци (1853 година), во храмот "Свети Никола" во Куманово (1856 година), во црквата "Свети Илија" во село Кадино (1857 година), "Света Марина" во село Зубовце (1859 година). На крајот от оваа гомина заминаф во Србија и во Врање зографисуваф во црквите "Света Троица", во црквата "Света Богородица" во Скопје (1860-1861 година), па потоа пак појдоф в Охрид коде работефме во храмовите "Свети Никола Геракомија", "Света Богородица Челница", "Света Богородица Каменска", "Света Богородица Болничка", Света Богородица Перивлептос" и во "Свети Димитрија".

Во овие цркви и годиње нацртаф стотици и стотици икони, а имаше и многу луѓе кои сакае да им црта светии, па ниф не ги пишаф една по една.

Работејќи на сенките на моите икони вардеф на обликувањето на животоносниот израз на иконата. Нејзе је клаваф голем контраст и 'и смалуваф пасажите. Иконите 'и сликаф на златоносна основа, шчо на ликовите на светиите им дават посебна духовност. Вардеф коа зографисуваф мали икончиња да не им се губит от изразувањето и обликот кој го имает поголемите, да реча, да не се стопит ликот од личниот светител. Многу е важно да зноете оти не требет да се користит вештачки бои, а коа имате на ум нешчо да сликате, вардете готовите боите да не 'и клавате веднаш на даската или платното, ами оставете 'и да тифнет барем два дена за от нив да излезет лошотиите кои 'и гризет дрвата и платната. Кој сакат да зноет повеќе за рабоќето кои сам 'и научиф, најдете ја мојата Ерменија, а во неа на 201 страница напишаф с# шчо зно за зографисувањето.

Годишно работеф по околу педесети големи дела, а некоаш саде дваесетина, па затеа сеа некои велит оти во некои годиње коа су работал на многу икони и рабоќе воеднуш, малу су ја губел убавината.

Во нашиве краишта го донесоф барокот кои у нас идеше преку Света Гора и Солун, преку нашите мијачки зографи и разбари кои го учее занаетот во манастирот "Зограф" на Атос.

Ама, како Господ, никој не е.

Коа ‘и нап’лнив 54 години во 1873-та ме фати некоја треска или настинка, некои велит пневмонија била.

Памета како дента у нас ф Лековци дојдое да ме видит учителот Мино Брадиноски и попот Мартин. Полафифме малу и коа се кренае да си одит, потстанав и ја. ‘И испратиф до портиче и је реков на домаќинката да ми сварит еден чај и во него да ми капнет малу ракиица. Дур се попраќафме со двајцата, чајот беше сварен. Коа се прибраф в сопче, се напиф од него и наеднуш ми се стори како лошо и почнав да ја губа светлинава од пред очи. Оттога саде паметува како домаќинката викаше по Мартина и попот кои покроце слагае по потичето кон Брадиновци. Коа дојдое, ја веќе беф тргнат на умирање.

Слуша, денес велит оти невестата ме отрула и дека не било случајно теа шчо наместо ракија, таа во чајот ми турила от отровот со кој ‘и мешав златните бои за иконите. Други пак велит, случајно се сторила несреќата. Теа веќе не го зно...

Како шчо велеле постарите, сакале да ме закопает в моето маало Лековци под стариот костен, на гробишчата кои ја ‘и напраиф. Арно ама, попот и учителот рекле оти требет да ме закопает во дворот на црквата сред село оти многу нешчо су сторил за неа. Споменувае нешчо оти теа ќа го стореле одма зад олтарот.

Некои рекое на крај ме клале на Долни Ленишча коде речишчето, ама и оти можеби пак, на малите гробишча сред село, от коде после коскиве ми ‘и префрлиле во костурницата во "Свети Николче".

Право да ви кажа, не зно шчо сторије на крај. Саде едно е јасно. Денеска в Тресанче од мојата куќа в Лековци останае саде ушче неколку камена, а местото је беше десетина метра северно от куќата на Гавриловци.

Сеа саде на едно мисла...

Шчо ќа беше со мене и колку ушче икони ќа зографисаф да не ме наеше умирачката? Ал ќа ‘и покриеф сите цркви во Македонија со моиве роце, а луѓево денеска малу повеќе ќа зноеја за животописната умешност у нас. Се мисла, да не не сторив доволно за црквата и за вас?

Вардете ми ги оние рабоќе шчо ‘и остаиф да ‘и красит црквите у нас и у другите земји, зашчо за да го дозноеме светот надвор од нас, требет првин самите себе си да се научиме.

Да сте ми живи и здрави!


Надворешни врски[уреди | уреди извор]