Црква „Св. Никола Геракомија“ - Охрид
Св. Никола Геракомија
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Прва охридска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Охрид |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Живопис | 1860 |
Зограф | Дичо Зограф |
Мрежно место | СВ. НИКОЛА - Геракомија |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Црквата „Св. Никола“ - Геракомија — црква во Охрид[1], Македонија. Храмот е граден од кршен камен во долните партии, додека горните партии се ѕидани од делкан бигор во варов малтер. Во основа е трикорабна базилика, каде централниот брод е засводен со три слепи куполи, а јужниот и северниот кораб се полуцилиндрично засводени. Сводовите не се ѕидани, туку на дрвена конструкција, на дрвени летви е поставен тенок слој варов малтер над кој е изведен зивопис. Невообичаено и необјасниво е сознанието дека храмот во XIX век, и сè до денешни дни не е целосно живописан. Со сликање на овој храм најверојатно е започнатов во шеесеттите години на XIX век, односно кога Дичо Зографот доаѓа во Охрид. Особено внимание заслужува живописот во сводовите на северниот и на јужниот кораб и трите слепи куполи, бидејќи тоа е дело на најпродуктивниот зограф од XIX век во Македонија, Дичо Крстев од с. Тресонче. Сликаните партии на фреско-декорација во олтарниот простор кои се со послаб квалитет се дело на фрескоживописци од Опеница-Охридско. Внатрешноста на храмот го краси сликан иконостас кој го изработил мајстор и зограв Дичо Зографот во 30 октомври 1862 година[2].

Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Цркви во Охрид
- ↑ „СВ. НИКОЛА“. Архивирано од изворникот на 2010-07-24. Посетено на 2009-08-29.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Никола Геракомија“ - Охрид на Ризницата ?
- СВ. НИКОЛА - Геракомија Архивирано на 20 јуни 2014 г. на мрежното место на Дебарско-кичевската епархија
|
- Цркви на Македонската православна црква
- Цркви во Дебарско-кичевската епархија
- Цркви во Охридското архијерејско намесништво
- Прва охридска парохија
- Цркви во Општина Охрид
- Охрид
- Културно наследство на Македонија во Општина Охрид
- Храмови посветени на Свети Никола во Македонија
- Цркви во Охрид
- Дела на Дебарската школа