Турбе на Синан Челеби

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Турбе на Синан Челеби
„Синан Челеби“ 01.jpg
Поглед на турбето
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типтурбе
Стилосманлиски
Адресаул. „Кузман Капидан“
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршена1493

Турбе на Синан Челебиосманлиска гробница (турбе) во Охрид. Прогласена е за Значајно културно наследство на Македонија.[1][2][3]

Архитектонски опис и покојници[уреди | уреди извор]

Се наоѓа на ридот Плаошник, во близина на познатата црква „Св. Климент и Пантелејмон“. Му припаѓа на типот на отворени турбиња со основа во облик на буквата Г, потпрено на квадратни столбови во секој агол. Во изградбата е користен материјал од наоѓалиштето Плаошник и архитектонски остатоци (сполии) од наоѓалиштата во околината. Турбето е изградено од тули, ѕидано на цокле од обработен камен.[1]

Во левиот помал дел е погребан Хасан Баба, а другиот гроб веројатно е на братот на Синан Челеби[1] или на син му.[2] Во поголемиот дел е гробот на самиот Синан Челеби Охридзаде со изделкана надгробна плоча со натпис, над која има украс од стилизиран лист. Според арапскиот натпис, Синан Челеби починал на 19 април 1493 година. Оваа плоча се чува во Музејот на Охрид.[1]

На 22 март 1968 година турбето е прогласено за споменик на културата.[4]

Почит кон Свети Климент[уреди | уреди извор]

Според драмскиот писател Бранислав Нушиќ, Синан Челеби изградил џамија и имарет (јавна кујна) врз темелите на Светиклиментовата црква за време на султанот Мехмед II. Го забележал зачуваниот обичај на носење масло и палење свеќи во турбето како почит на муслиманските верници кон Свети Климент.[1] Турбето и денес останува култно место за муслиманите, кое го посетуваат за празникот Ѓурѓовден — доказ за непрекинатото христијанско влијание.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Турбето на Синан Челеби“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 22 јуни 2016. Архивирано на 4 јули 2016 г.
  2. 2,0 2,1 Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments (PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 50. ISBN 978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  3. 3,0 3,1 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 53.
  4. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 155.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]