Турбе на Хајати Баба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Турбе на Хајати Баба
Xhamia e Zejnel Abedin Pashës në Ohër 9.JPG
Поглед на турбето (стар дел одзади и понова доградба напред). Десно е Шадрванот на шехот Зекерија
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типтурбе
Стилосманлиски
ГрадОхрид
Земја Македонија
ЗавршенаXVIII век

Турбе на Хајати Бабаосманлиска гробница (турбе) во Охрид.[1][2][3]

Турбето е сместено во комплексот на теќето „Зејнел Абедин-паша“. Изградено е во XVIII век како почивалиште на основачот на теќето, Пир Хајати Баба и во него се погребани сите шехови (суфиски старешини) на теќето до последниот шех Кадри. Градбата е од типот на затворени турбиња. Постариот дел има многуаголна основа.[2] Тука е погребан Хајати Баба и има уштре три гроба.[1] Во XIX век шехот Зекерија на север доградил правоаголник со низок релјеф, со внатрешност во стилот на империскиот барок.[2] Во новиот правоаголен дел се гробовите на девет шеха на теќето.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments (PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 46. ISBN 978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Споменичка целина Зејнел Абедин Паша“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-09-16. Посетено на 16 септември 2017.
  3. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 77.