Куќа на Паунковци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Куќа на Паунковци
Куќа во Охрид 02.JPG
Поглед на куќата
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типкуќа
Стилкласицизам
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршена1930
Технички податоци
Катови2
Проектирање и изградба
АрхитектЃорѓи Ѓурчинов

Куќа на Паунковци — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Куќата е сместена на ул. „7-ми Ноември“ бр. 29 и 31. Изградена е во 1930 година по проект на инженерот Ѓорѓи Ѓурчинов. Ова е братска куќа со сутерен, приземје и мансарда над влезниот трем. Има нагласено богато обработена југоисточна фасада и претставува мешавина од архитектонски стилови. Има барокни елементи — полуоблиот тимпанон со гипсена розета над два сводести отвора кои образуваат лоѓија со балустрадна ограда, со поткровје — надоѕидок со мали украсни вути. Прозорците се големи и правоаголни со пиластри и други украсни елементи. Сутеренот е направен од делкан камен.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Куќа на ул.7-ми Ноември бр. 29 и 31“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 4 септември 2017. Архивирано на 20 март 2016 г.