Куќа на Чаулеви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Чаулеви
Куќа на ул. „Цар Самоил“ бр. 44 Охрид (01).jpg
Куќата во 2021 година
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типкуќа
Стилстароградски
Адресаул. „Цар Самоил“ бр. 40
ул. „Цар Самоил“ бр. 44 (стара адреса)
ГрадОхрид
Земја Македонија
ЗавршенаXVIII век
Технички податоци
Катови4

Куќа на Чаулеви — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија[1] заведена под називот Куќа на ул. „Цар Самоил“ бр. 44.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Куќата е сместена во стариот дек на градот, на улица „Цар Самоил“ бр. 44. Изградена е во втората половина на XVIII век и се вбројува меѓу малкуте целосно внатрешно и надворешно зачувани охридски староградски куќи од тој период. Била сопственост на Паско Чауле (Рауник).[1] Од почетокот на XXI век служи како гостинска куќа, наречена „Вила Јован“.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата има четири ката. Начинот на изградба е традиционален, својствен на тој период — камено приземје и катови со дрвена бондручна конструкција. Вториот кат е еркерно издаден, потпрен со дрвени косници, исправајќи го неправилниот облик на приземјето и зголемувајќи го животниот простор. Куќата е добар пример за извлекување максимална просторна средина од дадена основа.[1]

Покривот има карактеристични благи падови од дрвена конструкција, со покривка од турски ќерамиди. Фасадата е бела, со својствени дрвени опшивни даски. На прозорците на приземјето има решетки, столаријата е доста сиромашна. Куќата претрпела мошне малку промени — приземјето од чевларска работилница е пренаменето во кујна со трпезарија, со доградено скалиште за горниот кат.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. стр. 33.
  2. „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 4 август 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]