Кулоглу џамија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кулоглу џамија
Xhamia Kullollu në Ohër 2.JPG
Поглед на џамијата
Основни податоци
МестоОхрид, Македонија
Координати41°7′10.8″N 20°47′22.5″E / 41.119667° СГШ; 20.789583° ИГД / 41.119667; 20.789583Координати: 41°7′10.8″N 20°47′22.5″E / 41.119667° СГШ; 20.789583° ИГД / 41.119667; 20.789583
Припадностсунитски ислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиски
ЗавршенXVIII век
Особености
Минариња1
Прогласен закултурно наследство на Македонија

Кулоглу џамија (или Мехмед Челеби џамија) — стара османлиска џамија во градот Охрид. Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[1][2]

Џамијата е сместена во маалото Кошишта, на стариот пат за Струга, денес улица „Гоце Делчев“.[1] Датира от XVIII век.[3]

Храмот има осумаголна основа со ќерамиден покрив на осум води. На северозападната страна во поново време е дограден двокатен трем. Минарето се наоѓа на западната страна, на преодот од молитвениот простор кон тремот. Во него се влегува од внатрешноста на џамијата. Самата џамија и минарето се изградени од необработен камен, потоа покриен со малтер. Осветлувањето е со прозорци поставени во три реда на секоја страна, освен на онаа кај михработ, влезот и минарето. Михработ, минберот и махвилот се нови. За украси се употребени профилирани обраби околу михрабната ниша и сликана декорација во куполата.[1]

Во дворот има надгробни плочи од XVI век, што укажува на постоењето на постар храм на ова место.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Кулоглу (Мехмед Челеби) џамија“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 18 август 2017. Архивирано на 18 август 2017 г.
  2. Yılmaz, Edip, Erdal Elmas (2018). „OHRİ'DEKİ (MAKEDONYA) OSMANLI DÖNEMİ CAMİLERİ“. Anasay (4): 55–56. ISSN 2001 2587- 2001. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  3. Pavlov, Zoran (2012). „The Ottoman Mosques in Macedonia (Development and types of the Ottoman mosques in Macedonia from the end of 14th until the end of the 19th century)“. Османлиското градителство на почвата на Македонија, том 1. Прилози за изтражувањето на историјата и културата на почвата на Македонија. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 24: 6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]