Џамија на Хаџи Хамза
| Џамија на Хаџи Хамза | |
|---|---|
Поглед на џамијата | |
| Религија | |
| Припадност | сунитски ислам |
| Локација | |
| Локација | Охрид, Македонија |
![]() | |
| Географски координати | 41°7′0.4″N 20°47′54.0″E / 41.116778°N 20.798333°E |
| Архитектура | |
| Тип | џамија |
| Стил | османлиски |
| Завршена во | XVI век |
| Минаре(иња) | 1 |
| Designated as NHL | културно наследство на Македонија |
Џамија на Хаџи Хамза (или Хаџи Хамза џамија) — стара османлиска џамија во градот Охрид. Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[1][2][3]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Џамијата е сместена во маалото Кошишта, на улица „Гоце Делчев“ бр. 53.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Џамијата е изградена во XVI век заедно со медреса (исламско училиште). Подоцна е претворена во теќе, и тогаш е изградено и минарето и турбето со шадрванот.[2]
На 22 март 1968 година џамијата е прогласена за споменик на културата.[4]
Џамијата е санирана во 2009 и 2010 година.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата има скромни димензии и прост квадратен облик со централна купола,[1] михраб и минбер. Има и летен молитвен простор, летен кафе-оџак и зимски кафе-оџак.[2] Минарето има големи димензии и шестаголен облик. Џамијата е изградена од кршен камен и наместа со бондрук, а минарето е од обработен камен, подоцна малтерисано. Отворите имаат полукружен облик. На северозапад има доградба од кршен камен, која исто така е малтерисана и варосана.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 „Џамијата на Хаџи Хамза“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-07-04. Посетено на 22 јуни 2016.
- 1 2 3 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 78.
- ↑ Yılmaz, Edip, Erdal Elmas (2018). „OHRİ'DEKİ (MAKEDONYA) OSMANLI DÖNEMİ CAMİLERİ“. Anasay (4): 52–53. ISSN 2001 2587- 2001. Занемарен непознатиот параметар
|month=(help) - ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 155.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Џамија на Хаџи Хамза на Ризницата ?
