Теќе „Зејнел Абедин-паша“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Теќе „Зејнел Абедин-паша“
Зејнел Абедин Паша Теќе.jpg
Поглед на теќето
Основни податоци
МестоОхрид, Македонија
Координати41°6′59.3″N 20°48′0.4″E / 41.116472° СГШ; 20.800111° ИГД / 41.116472; 20.800111Координати: 41°6′59.3″N 20°48′0.4″E / 41.116472° СГШ; 20.800111° ИГД / 41.116472; 20.800111
ПрипадностХалветиски ред (суфизам)
Архитектонски опис
Архитектонски типтеќе, џамија
Архитектонски стилосманлиски
Особености
Минариња1
Прогласен закултурно наследство на Македонија
Теќиската џамија

Теќе „Зејнел Абедин-паша“османлиско теќе со џамија во градот Охрид, прогласени за културно наследство на Македонија.[1][2][3][4]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Теќето е разположено на Охридската чаршија, на самиот плоштад до стариот чинар.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Според натпис во теќето, по пристигањето на Пир Хајати Баба во 1766 година, раководителите се стекнуваат со титулата „шех“. По добивањето на хилафет од карабашата на Сер, Шех Мехмед Хајати пристигнал во Охрид, каде го основал теќето на Халветискиот ред со ферман од султанот.[1] За џамиската града некои сметаат дека е изградена во XV век како медреса (верско училиште). Кон крајот на XVI век таа е претворена во теќиска џамија.[2] Ова теќе е мајка на Теќето „Халвети Хасан Баба“ во Струга и на теќињатата во Кичево и Штип, кои му биле потчинети.[5]

На 22 март 1968 година теќето „Зејнел Абедин-паша“ е прогласено за споменик на културата.[6]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Теќето (со џамијата) ги има сите потребни простории — семхана, халвет, зимски и летен кафе-оџак, молитвена просторија и мисахирхана, просторија за гости.[1] Минарето е изградено во XVII век и е зачувано во изворниот облик.[1]

Дел од комплексот е и Турбето на Хајати Баба од XVIII век, во кое е погребан основачот на теќето.[1][2] Шеховата куќа од XIX век е факсимилно обновена во доцниот XX век, а Шадрванот на шехот Зекерија е од XIX век. Во комплексот има и две групи гробови — едните кај влезот до џамијата, а другите на запад од турбето. Во нив се погребани членовите на семејствата на шеховите и прислугата на теќето, како и неговите дарители.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments (PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 42. ISBN 978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Споменичка целина Зејнел Абедин Паша“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 16 септември 2017. Архивирано на 16 септември 2017 г.
  3. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 76.
  4. Yılmaz, Edip, Erdal Elmas (2018). „OHRİ'DEKİ (MAKEDONYA) OSMANLI DÖNEMİ CAMİLERİ“. Anasay (4): 56–58. ISSN 2001 2587- 2001. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  5. Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments (PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 49. ISBN 978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  6. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 155.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]