Прејди на содржината

Охридски чинар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Охридски чинар
МСЗП — Категорија III (споменик на природата)
МестоОхрид, Македонија
Координати41°6′57.6″N 20°48′0.9″E / 41.116000°N 20.800250°E / 41.116000; 20.800250
Воспоставен(а)2017 (2017)

Охридски чинар (Стар чинар или само Чинарот) — најголемото и едно од најстарите дрва во градот Охрид, позната знаменитост на градот, прогласено за споменик на природата на Македонија.[1]

Тој е од видот чинар (Platanus orientalis).[2] Сместен е на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“, на плоштадот „Крушевска Република“ спроти Џељовата магаза.

Историја

[уреди | уреди извор]

Според преданието, чинарот е засаден од Климент Охридски во IXX век. Според други легенди, чинарот е засаден околу XV век.[2] Во 2012 година, во лоши временски услови, отцепени биле голема гранка и дел од стеблото, по што е извршена делумна заштита. Подоцна во декември истата година дрвото одново настрадало во невреме.[2][3] Во септември 2017 година Советот на Општина Охрид го усвоил проектот за прогласување на Чинарот за споменик на природата и негова заштита.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Чинарот ќе биде прогласен за споменик на природата“. MKnews.mk. 16 септември 2017. Посетено на 21 октомври 2017.
  2. 1 2 3 „Охридскиот чинар низ вековите“. volino.mk. 24 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2017-10-21. Посетено на 2022-03-05.
  3. „Се скрши Чинарот во Охрид“. ЗаСе. декември 2012. Посетено на 6 март 2022.
  4. „Стариот охридски Чинар во процедура за споменик на природата“. Нова ТВ. 16 септември 2017. Архивирано од изворникот на 2022-06-25. Посетено на 21 октомври 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]