Караѓулевци (Охрид)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Караѓулевци
археолошко наоѓалиште
Караѓулевци is located in Македонија
Караѓулевци
Местоположба на Караѓулевци во Македонија
Местоположба 41°6′53.0″N 20°47′36.3″E / 41.114722° СГШ; 20.793417° ИГД / 41.114722; 20.793417Координати: 41°6′53.0″N 20°47′36.3″E / 41.114722° СГШ; 20.793417° ИГД / 41.114722; 20.793417
Основни податоци
Место Охрид
Општина Охрид
Тип

Археомак 2.0 графички знак (гробница).svg гробница


Период хеленистичко време
Портал „Археологија“

Караѓулевциархеолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува гробница од древномакедонско време, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Гробницата е пронајдена во Горни Сарај, во непосредна близина западно од Античкиот театар. Се состои од засводен дел со скалила, дромос, преткомора и комора. Датира од периодот на IVIII век п.н.е. Откриена е во XIX век, кога најверојатно е и ограбена.[1] Проучена е при ископувањето во 1994 - 1996 година извршено од Филозофскиот факултет во Скопје и Музејот на Охрид под ръаководство на Вера Битракова-Грозданова, Владо Маленко, Паско Кузман и Нада Почуча-Кузман.[2]

На 8 април 1998 година е прогласена за споменик на културата под името Античка гробница „Караѓулевци“.[3]

Германскиот јазичар Густав Вајганд во 1894 г. напишал за гробницата (која погрешно ја сметал римска):

Треба да се забележи еден римски гроб, кој Хан очигледно не можел да го дознае. Тој гроб е откриен во куќата на господинот Никола Караѓула пред 40 години. Од подрумот на таа куќа преку една дупка се стасува до едно ходниче кое води до некогашната улица што минува крај езерото. Подоцна таа улица е затворена и на неа се изградени куќи. Една врата,[4] направена од песочник, води од галеријата, која е висока 1,5 м, кон гробот. Ѕидовите на гробот се малтерисани и бојадисани со помпејска црвена боја, и оваа боја е добро зачувана: Гробницата е висока 3 м, широка 2 м и долга 3,5 м. Ѕидовите се мазни и без слики или натписи, а само на западниот ѕид се забележуваат некои нацртани орнаменти. При откривањето на гробот се најдени три ковчега, и колку и да се трудев, не успеав да дознаам што станало со нив.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 61.
  2. „Значајни археолошки истражувања“. Општина Охрид. Посетено на 9 март 2020.
  3. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 156.
  4. Вайгандъ, Густавъ (1899). Аромѫне: Етнографическо-филологическо-историческо издирвания на тъй наречения народъ македоно-ромѫне или цинцаре. Варна: Издание на П. Хр. Генковъ. стр. 53.
  5. Вайгандъ, Густавъ (1899). Аромѫне: Етнографическо-филологическо-историческо издирвания на тъй наречения народъ македоно-ромѫне или цинцаре. Варна: Издание на П. Хр. Генковъ. стр. 54.