Лажиште (Опеница)

Координати: 41°11′18″N 20°51′27″E / 41.18833° СГШ; 20.85750° ИГД / 41.18833; 20.85750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лажиште

Карта

Местоположба 41°11′18″N 20°51′27″E / 41.18833° СГШ; 20.85750° ИГД / 41.18833; 20.85750
Основни податоци
Место Опеница
Општина Охрид
Тип

 населба


Период римско време
Портал „Археологија“

Лаижиште или Вилипецархеолошко наоѓалиште во охридското село Опеница. Претставува населба од римското време.

На 2 км северозападно од селото, лево од патот Охрид - Ресен (А3) има блага падина на која во нивата на Т. Груески се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Пред Втората светска војна била откопана ара (жртвеник или олтар) со старогрчки натпис, на сите четири страни украсена со венци од ловорови лисја обесени на овнешки глави, поставени на горниот дел од арата.

Арата се чува во главната селска црква „Св. Никола“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Горно Село — средновековна населба
  • Мадем — топилница од доцноантичкото време
  • Релејца — рударски јами од римското време
  • Старечки Дол — рудник и топилница од римското време
  • Требишки Рид — средновековна населба и некропола
  • Црвејнца — населба од неолитското време, некропола од хеленистичкото време и средниот век

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 253. ISBN 9989-649-28-6.