Селиште (Подмоље)
Изглед
„Селиште“
| |
Местоположба | 41°09′39″N 20°45′07″E / 41.16083°N 20.75194°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Подмоље |
Општина | Охрид |
Тип | |
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Селиште — археолошко наоѓалиште во охридското село Подмоље. Претставува средновековна населба, црква и некропола. Се наоѓа на 1 км североисточно од наоѓалиштето Корија - Манастириште (околу 2 км од селото Подмоље) и 2,5 км југоисточно од селото Оровник. Претставува блага котлина заградена од сите страни со брегови. По површината се забележуваат купишта од градежни камења меѓу кои два бунари за вода. На крајниот југозападен дел од котлината постојат остатоци од еднокорабна црква чии ѕидови се широки 90 см, ѕидани од кршен камен. Според кажувањата на жителите од Подмоље овде биле наоѓани и фрагменти од живопис. Јужно од црквата се протега некропола.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Корија - Манастириште — средновековна црква;
- Чешма — средновековна црква и некропола;
- Подмоље;
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 274, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Подмоље
- Археолошки наоѓалишта во Општина Охрид
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Охридско