Релејца (Опеница)
Релејца — археолошко наоѓалиште во охридското село Опеница. Претставува збир рударски јами од римско време.
На околу 2 км источно од селото, во непосредната близина на патот што води за Прентов Мост, во периодот 1927-1929 г. е извршена експлоатација на рудникот за сребро, злато, бакар и никел. Во текот на работите биле откриени стари окна и во нив биле најдени рударски алатки и друга опрема, кои не се зачувани. По површината на теренот има фрагменти од керамички садови и питоси.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Горно Село — средновековна населба
- Лажиште - Вилипец — населба од римското време
- Мадем — топилница од доцноантичкото време
- Старечки Дол — рудник и топилница од римското време
- Требишки Рид — средновековна населба и некропола
- Црвејнца — населба од неолитското време, некропола од хеленистичкото време и средниот век
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 253. ISBN 9989-649-28-6.