Комплекс „Св. Климент“ (Охрид)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Комплекс „Св. Климент“ “
археолошко наоѓалиште
„Комплекс „Св. Климент“ “ is located in Македонија
„Комплекс „Св. Климент“ “
Местоположба на „Комплекс „Св. Климент“ “ во Македонија
Местоположба 41°07′00″N 20°48′00″E / 41.11667° N; 20.80000° E / 41.11667; 20.80000Координати: 41°07′00″N 20°48′00″E / 41.11667° N; 20.80000° E / 41.11667; 20.80000
Основни податоци
Место Охрид
Општина Охрид
Тип

Археомак 2.0 графички знак (црква).svg црква


Период старохристијанско време
Портал „Археологија“

„Комплекс „Св. Климент“ “археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Наоѓалиштето претставува објекти и црква од старохристијанско време[1]. Се наоѓа на западниот дел од зарамнетото плато на источниот рид во стариот дел на Охрид. Го зафаќа просторот од црквата Св. Богородица Перивлептос (денешната Св. Климент) и непосред ната околина од сите четири страни. Во внатрешноста на црквата (нартексот и надворешната припрата) се пронајдени остатоци од првобитниот трем и основа од постара градба, најверојатно старохристијанска црква. Јужно и источно се пронајдени остатоци од други градби, подвижни наоди и гробни конструкции од средниот век. Археолошки ископувања се вршени во 1960 г. Од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата и Народниот музеј од Охрид.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Охрид
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 240, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069