Св. Врачи (Рамне)

Од Википедија — слободната енциклопедија


Местоположба 41°06′33″N 20°50′11″E / 41.10917° СГШ; 20.83639° ИГД / 41.10917; 20.83639Координати: 41°06′33″N 20°50′11″E / 41.10917° СГШ; 20.83639° ИГД / 41.10917; 20.83639
Основни податоци
Место Рамне
Општина Охрид
Тип

Археомак 2.0 графички знак (црква).svg црква Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Св. Врачиархеолошко наоѓалиште во охридското село Рамне. Наоѓалиштето претставува средновековна црква и некропола. На југозападниот крај на селото, десно од патот за Студенчишта, во непосредната близина на селското училиште биле откриени повеќе гробови со насоченост запад-исток, градени од камени плочи, како и основа од темели на мала црква посветена на св. Врачи. Според кажувањата на учителот Стамен Шока од Охрид, во гробовите биле најдени накит и други предмети кои ги предал во Музејот на Македонија во Скопје.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 275, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069