Купејнца (Елшани)
Купејнца — археолошко наоѓалиште во охридското село Елшани. Претставува населба од доцноантичко време.
На 8,5 км од Охрид кон Св. Наум (Р1301), од левата страна на патот, а југоисточно од автокампот Елешец, на местата 31, 32 и 33 се утврдени архитектонски остатоци најверојатно од сакрален објект. Ѕидовите се градени од кршен камен и варов малтер. На површината се среќаваат многубројни фрагменти од керамички градежен материјал.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 248. ISBN 9989-649-28-6.