Прејди на содржината

Комплекс „Св. Спас“ (Охрид)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Комплекс „Св. Спас“

Карта

Местоположба 41°07′00″N 20°48′00″E / 41.11667°N 20.80000°E / 41.11667; 20.80000
Основни податоци
МестоОхрид
ОпштинаОхрид
Тип

 осамен наод  црква  некропола

Период римско време
старохристијанско време
среден век
Портал „Археологија“

Комплекс „Св. Спас“археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува осамен наод од римското време, старохристијанска и средновековна црква со некропола. Се наоѓа во стариот дел на градот, на просторот на јужната падина на понискиот источен рид, јужно од ул. Климентов Универзитет. Овде се откриени мермерни ара со латински натпис, остатоци од старохристијанска црква со вкопани раносредновековни гробови во источниот дел, како и остатоци од рано средновековна црква. Сондажно археолошко ископување е вршено во 1962 од страна на Народниот музеј во Охрид, поточно од археологот Васил Лахтов.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 270, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069