Чешма (Расино)
Изглед
„Чешма“ | |
| Местоположба | 41°11′45″N 20°51′32″E / 41.19583°N 20.85889°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Расино |
| Општина | Охрид |
| Тип |
|
| Период | среден век |
| Портал „Археологија“ | |
Чешма — археолошко наоѓалиште во охридското село Расино. Претставува населба од средниот век.
На околу 1 км јужно од селото, на десната страна од Расинска Река, во нивата на Мице Стојанов со земјоделските работи биле откриени темели од ѕидови градени од камен, тули и варов малтер. Денес по површината се среќаваат фрагменти од покривни ќерамиди. Во непосредната близина на овој простор, во нивата на Стојан Јакимоски биле откопани питоси.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 275. ISBN 9989-649-28-6.
