Градиште (Пештани)

Координати: 40°59′48″N 20°47′52″E / 40.99667° СГШ; 20.79778° ИГД / 40.99667; 20.79778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Градиште

Крепоста Градиште (на ридот), со Музејот на вода кај езерото

Карта

Местоположба 40°59′48″N 20°47′52″E / 40.99667° СГШ; 20.79778° ИГД / 40.99667; 20.79778
Основни податоци
Место Пештани
Општина Охрид
Тип

 каструм


Период римско време
Портал „Археологија“

Градиштеархеолошко наоѓалиште во охридското село Пештани. Претставува каструм (утврден логор) од римско време.

Се наоѓа на мал полуостров на Охридското Езеро, на 2,5 км југозападно од селото. Денес тука делумно е распослан современиот автокамп „Градиште“, а во непосредна близина под возвишението е реконструираната наколна населба Залив на Коските.

По површината на зарамнетото плато од најнискиот врв, особено на југоисточната страна, се забележуваат основите на темели од одбранбениот бедем, граден од кршен камен и варов малтер, кои денес се реконструирани, вкучувајќи ја влезната порта.

Ширината на ѕидовите изнесува 1,80 м. Во внатрешноста на тврдината се гледаат остатоци од кули и помали градби, фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 274. ISBN 9989-649-28-6.