Корија (Подмоље)

Координати: 41°09′40″N 20°45′41″E / 41.16111° СГШ; 20.76139° ИГД / 41.16111; 20.76139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Корија

Карта

Местоположба 41°09′40″N 20°45′41″E / 41.16111° СГШ; 20.76139° ИГД / 41.16111; 20.76139
Основни податоци
Место Подмоље
Општина Охрид
Тип

 црква


Период среден век
Портал „Археологија“

Корија или Манастириштеархеолошко наоѓалиште во охридското село Ботун, Општина Дебрца. Претставува црква од средниот век.

Се наоѓа на околу 1 км источно од селото. На северната падина од долот се гледаат остатоци од сакрална градба (исток-запад околу 30 м; север-југ околу 10 м). Забележливи се и неколку простории. Ѕидовите се широки 0,90 м и се зачувани во височина од 0,10 до 0,30 м. На просторот од купиштата камења има фрагменти од покривни ќерамиди и бигорен камен. Околу целиот простор се забележуваат остатоци од ограден ѕид изведен во сувоѕидица. Југозападно за околу 50 м на спротивната падина, на јужниот срт од долот се наоѓаат остатоци од четвртеста градба за која се претпоставува дека била камбанарија. Најверојатно се работи за мал манастирски комплекс од развиениот среден век.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Селиште — населба, црква и некропола од средниот век
  • Чешма — црква и некропола од средниот век

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 274. ISBN 9989-649-28-6.