Заум (Трпејца)
Заум — археолошко наоѓалиште кај охридското село Трпејца. Претставува осамени наоди од старохристијанско време и населба од средниот век.
Во црквата „Св. Богородица Заумска“, која се наоѓа во југозападното подножје на ридот Осој, на источниот брег на Охридското Езеро и помеѓу селата Трпејца и Љубаништа, се вградени делови од архитектонска декоративна пластика. Имено, два капитела украсени со акантови лисја се поставени на олтарните столбови, а импост-капители од бел мермер на западните столбови.
Во 1960 г. во дворот на црквата случајно бил откопан импост-капител од бел мермер. При копањето на дупки за садење овошни дрвја, во северниот крај на дворот биле откриени остатоци од куќи — земјанки, речиси со кружен облик во основата.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Глајшо - Селиште — средновековна населба
- Градиште - Осој — средновековна тврдина
- Кале — населба од доцноантичкото време
- Црна Пеш - Крстон Заб — населба од неолитско време
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 278-279. ISBN 9989-649-28-6.
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од старохристијанско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на осамени наоди
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Трпејца
- Археолошки наоѓалишта во Општина Охрид
- Археолошки наоѓалишта во Охридско