Раица (Љубаништа)
Раица - Манастири — археолошко наоѓалиште во охридското село Љубаништа. Наоѓалиштето претставува базилика од старохристијанско време. На зарамнетата површина во западното подножје на ридот на која се наоѓа селото, по површината на бавчите се гледаат остатоци од урнатини на два објекта. Во 1971 година, од страна на Заводот и музеј во Охрид се извршени заштитни ископувања при што се откриени делови од темели на базилика (дел од апсидата, јужната конха, дел од ѕидот на нартексот и засводена гробница).[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Бучила — населба од неолитско време и некропола од римско време;
- Градиште — утврдена населба од хеленистичко време;
- Раица — старохристијанска базилика;
- Св. Атанасија — некропола од римско време и средновековна црква;
- Св. Богородица — средновековна црква;
- Св. Наум — средновековна црква;
- Св. Никола — средновековна црква и некропола;
- Св. Петка — средновековна црква и некропола;
- Стара Колиба — населба од римско време;
- Турски Гробишта — некропола од доцноантичко време;
- Љубаништа;
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 251, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |