Видобишта (Охрид)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Видобишта (археолошко наоѓалиште) (01).jpg

Поплоченото плато над подземното археолошко наоѓалиште

Карта

Местоположба 41°07′13.95″N 20°49′21.58″E / 41.1205417° СГШ; 20.8226611° ИГД / 41.1205417; 20.8226611Координати: 41°07′13.95″N 20°49′21.58″E / 41.1205417° СГШ; 20.8226611° ИГД / 41.1205417; 20.8226611
Основни податоци
Место Охрид
Општина Охрид
Тип

Археомак 2.0 графички знак (гробница).svg гробница


Период римско време
Портал „Археологија“

Видобишта археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Наоѓалиштето претставува гробница од римско време[1]. Се наоѓа во североисточното предградие на Охрид, на улицата „Марко Цепенков“ бр. 140. Откриена била случајно, во 1979 година, а систематски била истражувана во 1990 и 1993 година. Гробницата е семејна, со сводеста конструкција, со комора и преткомора, а градена е од обработени камени блокови, кршен камен и бигор, тули и варов малтер. Целиот габарит на гробницата изнесува 12 × 8 м. Внатрешноста на комората е малтерисана, а во долните делови е обработена во штукатура и украсена со ромбоидни полиња. Во комората се пронајдени вкупно 10 гробови поставени различно, а во преткомората 1 гроб поставен во правец исток-запад. Гробницата била делумно ограбена, а во преостанатите гробни целости е откриен богат археолошки материјал од злато, скапоцени камења, бронза, стакло и керамика. Карактеристиките на теренот и случајните наоди зборуваат и за други градби во непосредната близина на овој објект: вила рустика, терми, други гробници и др. Наодите се чуваат во Заводот и музеј - Охрид.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]