Куќа на Ѓинековци
| Куќа на Ѓинековци | |
|---|---|
Поглед на куќата | |
![]() | |
| Општи податоци | |
| Статус | споменик на културата |
| Вид | куќа |
| Стил | неокласичен |
| Град | Охрид |
| Земја | |
| Завршена | 1932 |
| Технички податоци | |
| Катови | 3 |
| Проектирање и изградба | |
| Архитект | Димитар Симонче |
Куќа на Ѓинековци — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Куќата е сместена на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“ бр. 112. Изградена е во 1932 година од истакнатиот архитект Димитар Симонче[1] за семејството Ѓинековци.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата е изведена во неокласичен стил и има сутерен, приземје, кат и мансарда. Изградена е масивн со носечки ѕидови — во сутеренот од камен, а на приземјето, катот и мансардата од полна тула. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени. Првично на приземјето имало кафеана, хотел на катот и домување на мансардата.
Куќата е дел од низа згради и целото внимание ѝ е посветено на уличната фасада, која се одликува со изразена симетрија. По средината на градбата на првиот етаж и мансардата има карактеристични балкони со огради од ковано железо, потпрени со конструктивни и украсни вути, поизразени на мансардниот балкон. До прозорските отвори на катот има пиластри, а над нив тимпанони сп цветни и украсни елементи. Балконската врата на катот исто така е нагласена со пиластри кои завршуваат со вутите на мансардниот балкон. Катот завршува со профилиран венец, на манасардата има барокни керамички балустради, а над мансардниот балкон е направен полукружен тимпанон со богата пластика, потпрен на полукружни столбови со богато обработени капители.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Куќа на ул. Св. Климент Охридски бр.112“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-09-05. Посетено на 5 септември 2017.
- ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 68.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Куќа на Ѓинековци на Ризницата ?
