Куќа на Стружанови
Куќа на Стружанови | |
---|---|
![]() Северната кула на Долната порта со куќата зад неа | |
![]() | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Тип | куќа |
Стил | староградски |
Град | Охрид |
Земја | ![]() |
Завршена | 1855 |
Технички податоци | |
Катови | 3 |
Куќа на Стружанови — стара куќа во Охрид, претставник на староградската архитектура и прогласена е за значајно културно наследство на Македонија[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Куќата е сместена во стариот дел на градот, на улица „Цар Самоил“ бр. 30. На источната страна е потпрена на Северната кула на Долната порта, а на запад граничи со Куќата на Ајри Доко. Изградена е во 1855 година и прв сопственик бил Никола Кочин.[1] Подоцна станала сопственост на Јонче Стружан.[2] Познато е дека извесно време куќата била во сопственост на Турци; за ова говорат дрвените капаци (мушараби) на прозорците, единствени во Охрид, отстранети во 1992 година.[1]
Приземјето е претворено во национален ресторан.[1]
Архитектура[уреди | уреди извор]
Градбата се состои од приземје, мезанин и два ката. Високото приземје имало стопанска функција, а експонираните катови биле станбени површини. Куќата е делумно вкопана во кулата. Приземјето е камено, а катовите се бондручни. Внатрешноста е богата, со многубројни тавани, чичеклаци, долапи, украсни ниши итн. Од првиот кат се излегува на дворот, кој граничи со кулата, дел од бедемот и завршува со друга аголна кула и со напречен ѕид кој оди од аголната кула во правец запад - исток. Во дворот имало домашен амам — втор пример во градот, заедно со оној во Куќата на Робевци. Амамот подоцна е претворен во станбен простор.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Куќа на ул. Цар Самуил бр.30“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 30 август 2017. Архивирано на 21 март 2016 г.
- ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 31.