Кафеана
Кафеана е угостителски објект во кој се послужуваат алкохолни и безалкохолни пијалоци и напивки, ладни јадења, слатки и др. Тие можат да бидат приготвени во просториите на кафеаната или да бидат приготвени во друго место и донесени во кафеаната само за послужување. Во кафеаната може да се послужува класичен појадок. Обично во неа се собираат луѓе од уметничкиот свет и деловни партнери, а исто така кафеаната преставува место за одмор и разонода на поширок круг луѓе. Просториите и опремата во кафеаната се удобни, а гостите се задржуваат подолго време. Во кафеаната се користат различни средства за разонода и забава на гостите - музика, игри, билијард, шах, куглање и друго. Еден дел од кафеаната може да работи како ресторан, ако располага со уреди и опрема за ресторан.[1]
Постојат различни типови кафеани од кој најпознати се:
- Кафеана од париски тип настаната во Франција. Разонодата е едноставна, најчесто музика во вечерните часови, а повеќе е наменета за разговори.
- Виенска кафеана се разликува од парискиот тип кафеана по тоа што има разновидна разонода. Тоа е пораскошна, а услугите покоплетни. Во неа гостинот може да добие весници за читање. Се изведува и музичка програма.[2]
Лавот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
Лавот се јавува како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:
- „Во кафеаната“ (U kavani) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[3]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Киро Петров, Марија Попоска, Фидан Трпчевски, Основи на угостителството и туризмот за I година, угостителско-туристичка струка (II издание). Скопје: Просветно дело, 1992.
- ↑ Киро Петров, Марија Попоска, Фидан Трпчевски, Основи на угостителството и туризмот за I година, угостителско-туристичка струка (II издание). Скопје: Просветно дело, 1992.
- ↑ Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 85-86.