Прејди на содржината

Куглање

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куглар како фрла топка.

Куглање[1][2] — спортска игра што е обично поделена на два дела, куглање на десет (ten-pin) и на девет чуна (nine-pin). По распространета е првата варијанта што е воедно и по популарна и се игра низ целиот свет речиси без исклучок, додека втората е особено популарна во Средна Европа и на Балканот, а во помали рамки постои и во Аргентина, Нов Зеланд и на Филипините. Играта на десет чуна е позната како боулинг, а онаа на девет како класично куглање.

Спортско куглање

[уреди | уреди извор]

Спортот е поединечен и екипен, за него се градат специјални спортски дворани со 2, 4 или 8 патеки на чиј крај се поставени чунови што се „буткаат“ со исфрлање на куглата. Куглата за натпревар е помала од куглата за боулинг и нема дупчиња ѕа прсти. По буткање чуновите се креваат и спуштаат автоматски, исто така и куглите автоматски се враќаат во лежиштето од кое кугларот ги позема. Денес постојат повеќе видови автомати и нивната технологија е се пософистицирана. Натпреварот се игра во 120 исфрлања поделено на четири патеки. Секој куглар има на секоја патека по 30 „фрлања“ од кои 15 се исфрлаат како „полни“ те. на сите девет чунови, и 15 „чистења“ каде по ударот се враќаат чуновите што не се оборени сè додека не се „исчистат“ сите девет. Во тек на натпреварот кугларите постигаат резултати помеѓу 500 и 700 бода, но во последно време се прават и рекордни резултати над 700 бода. Правилото е со понов датум, додека според претходното правило натпреварувачот исфрлал 200 кугли.

Спортско куглање во Македонија

[уреди | уреди извор]

Во Македонија куглањето спорт во кој се вложува многу малку, но едновремено спорт во кој се постигнати огромни резултати. Во Македонија постои кугларска лига, освен во Скопје постојат кугларски клубови во Битола, Струга и Велес кои поради одржување на кугланата не се секогаш во можност да реализираат свои учества во лигата. Македонските клубови и репрезентацијата имаат врвни резултати на меѓународните натпревари, а воедно се и организатори на неколку меѓународнии турнири. Куглање во Македонија датира од 1974 г., но од 1977 г. се регистрирани првите играчи. Првите регистрирани клубови биле: Вардар, Металург, Сини, ФАС, Метропол, Работнички, Парк, 22 декември, Пелагонија, Алумина, Графичар итн. Во периодот до XXI век куглани имало во повеќе градови во Македонија. Денес кугларската лига ја сочинуваат следните клубови: ГТЦ-Мусандра, Макпетрол, Вардар 2014 од Скопје и Пелистер 82 (поранешна Хераклеја) од Битола.[3] Исклучително лошите услови и постојан недостиг на елементарни средства го има елиминирано женското куглање, кое во XX век исто така било забележително на меѓународното поле.

  1. „куглање“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „куглање“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „Македонски кугларски клубови“. Кугларска федерација на Македонија. Посетено на 22 јануари 2026.