Магаза на Филипови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Магаза на Филипови
Магаза на ул. „Димче Маленко“ бр. 12 Охрид (1).jpg
Поглед на магазата
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типмагаза
Адресаул. „Димче Маленко“ бр. 12
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршена1872
Технички податоци
Катови2

Магаза на Филиповимагаза во градот Охрид, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Градбата е сместена на улица „Димче Маленко“ бр. 12, во непосредна близина на Стариот чинар и плоштадот „Крушевска Република“, на самото подножје на ридот. Се состои од подрум, приземје и еден кат. Му припаѓа на поновиот тип на камени трговски објекти од европски тип, таканаречените магази кои почнале да се јавуваат во средината на XIX век како замена за еднокатните дрвени дуќани. Изградена е во 1872 година од непознати мајстори.[1] Натписот на плочата на магазата гласи: „1872 30 май Ставре ... Филипови“.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Магазата е изградена од камен со обликување на аглите од големи обработени камени блокови. Отворите на приземјето и влезната врата имаат сводови од обработен бигор. На катот има помали правоаголни отвори нагласени со слепи вдлабнати лакови од обработени бигорни блокови. На прозорците на катот се зачувани два од металните капаци, типични за охридските магази. Најгоре завршува со обработена профилирана стреа од бигорни блокови, над која има повеќеводен покрив со нови ќерамиди.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Магаза на ул. Димче Маленко бр.12“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 1 септември 2017.