Прејди на содржината

Црква „Св. Еразмо“ - Охрид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Еразмо

Влезот кон комплексот

македонска православна црква
ЕпархијаДебарско-кичевска
Архијерејско намесништвоОхридско
ПарохијаОсма охридска
Местоположба

Карта

МестоОхрид
ОпштинаОхрид
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Еразмо
Архитектонски опис

Свети Еразмопештерна црква во близина на Охрид, Македонија. Оваа црква, посветена на антиохискиот архиепископ Еразмо се наоѓа на околу три километри од Охрид, во карпите, десно од патот што води од Охрид кон Струга. Оваа пештерна црква со својата долга историја е повеќепати преправана. Добро е сочуван ликот на византискиот цар Андроник II Палеолог, кој датира од XVIII век.

Осаменоста на оваа пештерна црква на овој дел од брегот на Охридското Езеро, стеснетоста на користениот простор и некои други елементи укажуваат дека се работи за поединечни испосници, или сосема мало калуѓерско братство што живеело во малите конаци покрај пештерната црква.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • Св. Еразмо — блиска базилика од ранохристијанско време со стара некропола
  1. Velev, Ilija (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша книга.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]