Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Охрид
Воведение на Пресвета Богородица во Храм | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Дебарско-кичевска |
| Архијерејско намесништво | Охридско |
| Парохија | Прва охридска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Место | Охрид |
| Општина | Охрид |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Богородица |
| Архитектонски опис | |
Воведение на Пресвета Богородица во Храм — пештерна црква во Охридската населба Канео и се наоѓа јужно од главниот храм посветен на Св. Јован Богослов - Канео. Црквата се наоѓа во природен карпест амбиент, засолнет од сите три страни со високо издигнати карпи, а само со мал тесен приод од езерото, помеѓу две карпи. Иако се видливи големите оштетувања на фреските, може да се разпознае композицијата „Воведение на Пресвета Богородица во Храм“, а според зачуваните остатоци од лицата на младите девојки, драпериите на некои фигури, орнаментиката на облеката од првосвештеникот Захариј и дел од архитектурната декорација во заднината, покажува дека зографот работел во духот на класисистичките ликовни разбирања во стилот на Палеолозите, и затоа се заклучува дека овој пештерен храм бил создаден за монашките потреби при самиот крај на 14 век или почетокот на 15 век[1].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ П. Миљковиќ-Пепек и Гоце Ангеличин-Жура, Пештерниот храм Воведение кај Канео во Охрид, Ликовна уметност 10-11 (1983-1984), Скопје 1985
| Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||

