Црква „Вознесение Христово“ - Евла

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Спас
Црква „Вознесение Христово“ - Евла (17).jpg
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Трета ресенска
Местоположба

Место Евла
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Архитектонски опис

Свети Спас односно Црква на Вознесението Христовопештерна црква западно од преспанското село Евла.[1] Црквата претставува главна манастирска црква на истоимениот манастир. Таа се наоѓа на шест километри патување од селото , до кој може да се стигне само пеш или со теренско возило. На празникот Св. Спас кој секоја година се прославува на различен датум доаѓаат луѓе од целата Преспа, а доаѓаат луѓе од околните села[2]. Таа е единствена пештерска црква во преспанско-пелагониската епархија.

Легенда[уреди | уреди извор]

Вистинското место на црквата "Спаса" било подалеку од селото, сега викано (стара Спаса), но кога Турците го испоганиле според преданијата, иконата што била таму жителите ја нашле на неколку километри од селото Евла, каде што била подигната црквичка, веднаш до пештерата до која само лежечки се приоѓа за да се наполни лековита вода од изворот што го има под планината. Кај црквата постои Свет Камен и луѓето се провираат низ него. Тие излегуваат низ едната дупка, а влегуваат низ другата. Најмладите за закрепнување и здравје, другите за добивање на пород. Над стените каде што се наоѓа пештерата е изграден крст во комплексот на црквата, како и конаци и прифатилишта за многубројни посетители. А такви доаѓаат од разни страни, со желби и надежи да им се остварат соништата и советите дека не треба да бидат малодушни и без верба за среќа и здравје.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Катин, Славе. „Во печалбарскиот крај од Болно до Стипона“. Македонско сонце. Архивирано од изворникот на 12 мај 2019. Посетено на 5 август 2022.
  2. „Одбележан празникот Спасовден во село Евла“. Преспа Скај. 29 мај 2009. Посетено на 17 октомври 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]