Прејди на содржината

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Калишта (пештерна)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рождество на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Местоположба

Карта

Координати41°08′41.3″N 20°39′01.4″E / 41.144806°N 20.650389°E / 41.144806; 20.650389
МестоКалишта
ОпштинаСтруга
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителБогородица
ИзградбаXIV век
Архитектонски опис

Рождество на Пресвета Богородицапештерна црква во рамки на Калишкиот манастир во струшкото село Калишта, Македонија.[1]

Црквата претставува културно наследство на Македонија.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во карпа и во неа се наоѓаат три монашки ќелии - две на првиот кат и една на вториот кат. Црквата, како и манастирот, се наоѓаат јужно од селото Калишта.[2]

Во близина на црквата има две исцелителни води посветени на Свети Петар и на Свети Ананија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Потекнува од XIV век. Оваа црква е основата на самиот манастирски комплекс.[3]

Се претпоставува дека црквата најпрвин била испосничка капела на монасите.[4]

Конзерваторските зафати на црквата и живописот биле извршени во 1964 година.[4]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Храмот е мала пештерна црква сместена високо во карпите, слично како соседната пештерна црква „Св. Атанасиј“ и пештерната црква „Св. Архангел Михаил“ во Радожда.[4]

Црквичето е прилагодено според пригодниот простор на пештерата, со тоа што пештерата од источната страна е затворена со ѕид од кршен камен, во кој дел се изведени олтарната апсида и влезот во црквичето.[4]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Сета внатрешност е насликана со фрески со претстава на светци и композиции. Во олтарната апсида е насликана Богородица со Христос, а лево и десно од нив има по еден ангел облечен во бело и црвен амфор. На арката од олтарната ниша претставени се два ѓакони од кои едниот фрагментирно сочуван. На источниот ѕид е насликана композицијата „Возвишение Христово“, а на северната страна од влезот е претставен во цел раст Архангел Михаил со меч во раката и црвена наметка врз себе.[4]

Видно место во црквичето заземаат ликовите на Св. Кирил Солунски и неговиот ученик Климент Охридски. Тие се насликани во нишата на северниот ѕид. Композицијата „Тајна вечера“ е насликана во јужниот ѕид во првата зона, а во горните делови на истиот ѕид се предадени композициите: „Рождество Христово“, „Крштевање на реката Јордан“, „Сретение“ и „Воскресение“. Третата зона ја исполнуваат пророците со свитоците во раце. На западниот ѕид е претставена композицијата „Гостољубие Аврамово“, а најгоре е „Преображение Христово“. Сводот на црквичето го заземаат Христос пантократор и четири евангелисти.[4]

Икони и иконостас

[уреди | уреди извор]

Во црквата била пронајдена икона „Црна Богородица“, но денес истата се чува во поголемата истоимена манастирска црква. Се смета дека има огромна исцелителска моќ.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 167-169. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
  3. „Празник на иконата на Пресвета Богородица во Калишта“. Премин. Посетено на 2010-10-17.
  4. 1 2 3 4 5 6 Ќорнаков, Димитар (2009). Македонски манастири. Скопје: Матица македонска. стр. 23–24. ISBN 9989-48-558-5.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]