Пештерна црква

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пештерната црква Св. Архангел Михаил“ во Радожда, Струшко

Пештерна црквацрква изградена во пештера со искористување на постоечката празнина, длабење нови делови, доградба со ѕидање и доуредување на просторот, вклучувајќи живописување однатре и однадвор.

Настанување[уреди | уреди извор]

Спојот на пештера и црква е навистина необичен и несекојдневен како за спелеолозите, кои ги проучуваат пештерите, така и за археолозите кои ги проучуваат сите траги врз кои печат оставила човечката рака. Невообичаен предизвик претставуваат посебно за историчарите на уметноста, но и за сите оние кои ги почитуваат древните култури. Како редок феномен со својата уметничка и историска вредност успеваат да го привлечат вниманието и на светската јавност.

За пештерни цркви обично се користеле природни пештери, понекогаш сместени високо во карпите, кои ако било потребно, можеле дополнително да се преградат со ѕид од кршен камен. Подоцна кај некои од нив се доградувале и конаци. Во пештерни цркви спаѓаат и голем број на монашки испосници.

Започнати да се појавуваат околу IX век, а некаде во периодот помеѓу XIII и XIV век настанале првите живописи кои можат точно да се датираат]] по трагите што на нив ги оставиле анонимните мајстори од т.н. „сликарски тајфи“. Тоа биле иконописци кои припаѓале на помалку или повеќе карактеристични сликарски школи кои гравитирале на територијата на Балканот и затоа фреските во некои од пештерните цркви се сродни со фрескосликарството во најпознатите манастири во Македонија. Така преку возвишениот енигматичен стил, во насликаните ансамбли можат да се следат уметничките тенденции кои провејуваат во средновековното сликарство.

Пештерни цркви во Македонија[уреди | уреди извор]

Тоа дава печат на дел од некогашниот средновековен живот во Македонија. Постојат записи дека во некои од пештерните цркви, се појавиле многу пустинаци кои се занимавале со мистика, чудотворство и пророкување.

Честопати за овој тип на монументи отсуствуваат пишани извори, па денеска поради недостапноста на повеќето од нив, како и поради продирањето на атмосферските влијанија во внатрешноста, отежнато е нивното проучување, анализирање и евентуална заштитаа.

Најбројни околу крајбрежјето на Охридското и Преспанското Езеро, засега се регистрирани преку 50 пештерни цркви на територијата на Република Македонија, кои ги има и во долните текови на Бабуна, Црна Река, но и во Источна Македонија.

Помеѓу нив спаѓаат Св. Марко и Св. Лазар на Тиквешкото Езеро, Св. Архангел Михаил, Св. Спас, Успение на Богородица, Св. Еразмо, Св. Богородица Пештанска крај Охрид (со најголем зачуван ансамбл), Св. Спас, Св Евла (Ресен) Монашка пештера и Црквиче (општина Чашка) и многу други.

Особено околу Охридското Езеро никнувале црквички - пештери во кои живееле и дејствувале исихастите. Тука се вбројуваат:

Исто така пештерни цркви има и во Тиквешијата во околината на Тиквешкото Езеро од кои најпознати се:

Пештерни цркви низ светот[уреди | уреди извор]

Постојат повеќе пештерни цркви или манастири низ светот. Ги има во: Ерменија, Бугарија, Франција, Унгарија, Русија, Тајланд, како и познатите манастири Кападокија во Турција.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Пештерските цркви во Охридско-преспанскиот регион, Гоце Ангеличин - Жура

Надворешни врски[уреди | уреди извор]