Црква „Св. Стефан“ - Шипокно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Стефан
Црква „Св. Стефан“ - Шипокно 2.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Втора охридска
Местоположба
Координати 41°4′25.86″N 20°48′15.5″E / 41.0738500° N; 20.804306° E / 41.0738500; 20.804306Координати: 41°4′25.86″N 20°48′15.5″E / 41.0738500° N; 20.804306° E / 41.0738500; 20.804306
Населено место Шипокно
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Стефан
Изградба XIII век
Живопис XV век
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Стефан, попозната како Свети Стефан Панцир — македонска пештерна црква, која се наоѓа во охридското село Шипокно, веднаш над населбата Свети Стефан.[1] Црквата претставува главна манастирска црква на Шипокничкиот манастир.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена во атарот на селото Шипокно, веднаш над регионалниот пат Охрид-Свети Наум, над последните градби од новата туристичка населба Свети Стефан. За да се дојде до нејзе треба да се сврти лево од патот за Свети Наум и да се продолжи над синдикалното одморалиште „Орце Николов“.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Се верува дека била подигната во текот на XIII век.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата е полуоблесто соѕидана во шуплина на карпа.

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Својот живопис го добила во XIV век и XV век,[3] благодарение на помошта на широк круг ктитори од Охрид и од околните села. На ова укажува натписот испишан во нишата на ѓакониконот од кој се дознава дека дарители биле граѓаните од Велики Варош односно од градот Охрид и луѓето од соседните села: Шипокно, Горица и Коњско.[4]

Внатрешноста на пештерната црква е исликана со извонреден фрескоживопис, но тој е во голема мера оштетен. Во долната зона на апсидалниот простор е насликана Света Богородица со малиот Христос пред себе. Од црковните светители се насликани „Св. Василиј Велики“, „Св. Јован Златоуст“ и „Св. Атанасиј Александриски“. Извонреден е ликот на патронот кому му е посветена оваа пештерна црква. Архиѓаконот и првиот христијански маченик Стефан, насликан во нишата на протезисот. Големата композиција Дејзис или кај народот позната како „Второто пришествие Христово“ е насликана на северниот ѕид, а до неа е насликана најпочитуваната светителка Света Петка. Од она што денес останало, според општиот цртеж на фигурите, карактеристичната обработка на формите со слободни потези и сочниот нанос на боите, ова сликарство го прават најблиско до црквата посветена на Сите Светители во селото Лешани, недалеку од Охрид и поради тоа се чини дека оваа пештерна црква е живописана пред самиот крај на шестата деценија на XV век, кога веќе се насетувала промената во начинот на работата на охридските уметници.[2]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Црквата поседува иконостас.

Галерија[уреди | уреди извор]

Внатрешноста на црквата
Надворешноста на црквата

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 45. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 „Пештерна црква Свети Стефан - Панцир“. www.macedonium.org. Посетено на 2020-01-22.
  3. Г. Ангеличин-Жура, Пештерните цркви во Охридско-Преспанскиот регион /Р. Македонија, Р. Албанија, Р. Грција), Струга 2004
  4. Subotić, Gojko (1980). Ohridskata slikarska škola od XV vek. Zavod za zaštita na spomenicite na kulturata.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]