Црква „Св. Лазар“ - Бегниште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Лазар

Христос Емануел и Елисавета, источен ѕид на пештерната црква

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Маренска
Местоположба

Карта

Место Бегниште
Општина Кавадарци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Лазар
Изградба 14 век
Живопис 14 век
Архитектонски опис

Свети Лазар или Сопишка црква — македонска пештерна црква која се наоѓа на околу 5 км, југозападно од село Бегниште, кавадаречко, над самиот брег од сегашната акомулација на Црна Река. Сместена е во карпест и во сув предел на околу 30 метри височина од нивото на Тиквешкото Езеро, на самиот влез во пештерата со пречник околу десетина метри, која веројатно служела за упориште на анахоретите. Пештерата ја формират две каверни и тоа: источна, пред која е подигната црквата, со должина околу 16м. и длабока околу 8 м., и југозападно, која на влезот е широка околу 1,5 м. и длабока околу 20 м. Висината на пештератаварира околу 6-8 м. Пред создавањето на Тивешкото Езеро, по долината на Црна, нејзината положба била високо над кањонот на реката Каменица во близина на селото Сопиште по кое го добила и името Сопишка црква.[1] За разлика од минатото, денес до пештерата се пристигнува по земјен пат кој води од селото Бегниште и по водите на Тиквешкото Езеро, до устието на реката Каменица, а потоа по прилично стрмен и карпест предел. Остатоците од пештерната црква Св. Лазар се видливи доколку сте во непосредна близина и подзастанете со чамец во водите на езерото.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Velev, Ilija (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша книга.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]