Црква „Св. Архангел Михаил“ - Радожда
Архангел Михаил | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Дебарско-кичевска |
| Архијерејско намесништво | Струшко |
| Парохија | Трета струшка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Место | Радожда |
| Општина | Струга |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Архангел Михаил |
| Архитектонски опис | |
Свети Архангел Михаил — пештерна црква во струшкото село Радожда[1]. Во еден од најубавите предели на западниот брег на Охридското Езеро, над с. Радожда. Црквата е посветена на Архангел Михаил.
Историја
[уреди | уреди извор]

Најголемиот дел од откриените фрески потекнуваат од XIV век, а посебно се истакнува единствената сочувана композиција од XIII век, со претстава "Чудото во Хона" - насликана во чест на патронот кому е посветена црквата.
Зографот што го насликал овој лик ни се прикажува не само како надарен мајстор, туку и напреден творец кој ги излага новите непознати уметнички идеали - внесувајќи во ликот внатрешна сугестивност.
Оваа пештерна црква повторно е живописана кон крајот на XIV век, кога во Охрид и околината никнуваат многубројни споменици, придружени со процутот на сликарските работилници.
Нема сомнение дека помладиот слој живопис на Свети Архангел Михаил од пештерната црква е едно од последните дела на Охридската сликарска школа од XIV век.
Ноќта помеѓу 12 и 13 ноември 2011 г. имало и обид за кражба во црквата, каде сторителот извршил пребарување, а откако не одзел ништо го напуштил местото.[2] Истата ноќ, во другата селска црква „Св. Никола“ била извршена тешка кражба, каде биле украдени 12 вредни икони кои потекнуваат од XIX век како и еден сребрен крст со подлошка.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Струшко архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2010-05-17.
- ↑ Аритоновска, Нина (14 ноември 2011). „Ограбени цркви во струшко Радожда“. Сител. Посетено на 2011-11-15.
- ↑ Момировски, Горан (14 ноември 2011). „УКРАДЕНИ 12 ИКОНИ И СРЕБРЕН КРСТ ОД ЦРКВАТА ВО РАДОЖДА“. Телма. Посетено на 2011-11-15.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Црква „Св. Архангел Михаил“ - Радожда“ на Ризницата ? |
Галерија
[уреди | уреди извор]
| ||||||||
- Цркви на Македонската православна црква
- Цркви во Дебарско-кичевската епархија
- Цркви во Струшкото архијерејско намесништво
- Трета струшка парохија
- Цркви во Општина Струга
- Радожда
- Културно наследство на Македонија во Општина Струга
- Пештерни цркви во Македонија
- Храмови посветени на Свети Архангел Михаил во Македонија
- Дела на Дебарската школа


