Спомен-галерија „Вангел Коџоман“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спомен-галерија „Вангел Коџоман“
Куќа на улица Браќа Миладиновци број 18 Струга.jpg
Поглед на градбата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типкуќа, ликовен музеј
Стилстароградски
ГрадСтруга
Земја Македонија
ЗавршенаXIX век
Технички податоци
Катови2

Спомен-галерија „Вангел Коџоман“ — стара куќа во градот Струга, прогласена за културно наследство на Македонија.[1] Во неа е сместен ликовен музеј.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Куќата е сместена во Струшката чаршија, на левиот брег на реката Црн Дрим. Се наоѓа улица „Браќа Миладиновци“ бр 18. Спроти неа е Спомен-домот на Браќа Миладиновци.

Историја[уреди | уреди извор]

Градбата датира од XIX век.[2] Во 1980 г. е претворена во галерија, дел од Народниот музеј „Д-р Никола Незлобински“, како изложбен простор за делата на истакнатиот струшки уметник Вангел Коџоман (1904 - 1994).[3]

Објектот е прогласен за споменик на културата на 7 декември 1954 г. и повторно на 19 јули 2016 г.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. 2,0 2,1 План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион со Акциски план (2020-2029) (PDF). Скопје-Охрид-Струга-Дебрца. 2020. стр. 295.
  3. „ГАЛЕРИЈА ВАНГЕЛ КОЃОМАН“. Национална установа Музеј „Д-р Никола Незлобински“ Струга. Посетено на 2 јуни 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]