Калишки манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Калишки Манастир
Поглед кон комплексот и Охридското Езеро
Информации
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан11 век
Посветен наМала Богородица
ЕпархијаСтавропигиален
Цркви„Рождество на Пресвета Богородица“,
„Св. Богородица Пештерна“,
„Св. Петар и Павле“ и „Св. Атанасиј“
Личности
Важни личностиСава Ѓоргон (монах), Стефан Санџакоски (отец)
Место
Местосело Калишта, Општина Струга Македонија Македонија
Координати41°08′40.6″N 20°39′00.1″E / 41.144611° СГШ; 20.650028° ИГД / 41.144611; 20.650028Координати: 41°08′40.6″N 20°39′00.1″E / 41.144611° СГШ; 20.650028° ИГД / 41.144611; 20.650028
Видливи остатоци4 цркви, конаци, чешми, продавница, библиотека, камбанерија, хотел
Оторен за јавностда
Поглед кон пештерната црква
Поглед кон главната манастирска црква
Поглед кон пештерната црква „Св. Атанасиј“
Поглед кон црквата „Св. Петар и Павле“

Калишки манастир — македонски православен ставропигиален манастирски комплекс, кој претставува најголем духовен центар во Струшко и воедно претставува летна резиденција на поглаварот на Македонската православна црква. Се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро во природен карпест амбиент.

Цркви[уреди | уреди извор]

Во манастирскиот компекс има 4 цркви, од кои две се посветени на Рождеството Богородично, од која едната е пештерска и е постара, а другата е понова и претставува главната манастирска црква и две други, од кои едната е посветена на Св. Петар и Павле, а дтугата исто така пештерна, посветена е на Св. Атанасиј.

„Рождество на Пресвета Богородица“[уреди | уреди извор]

Црквата Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ претставува главната манастирска црква. Во неа се наоѓа позната икона на Црната Богородица. Црквата е обновена во 1977 година, а темелите датираат од XVIII век. Секоја недела и за време на празници редовно се служи Божествена Литургија. Карактеристична е резбата на иконостасот изработена од страна на тајфата на Наум Донев од Охрид. Црквата е фрескописана во византиски стил. Денес тука се чува и иконата на Пресвета Богородица, пред која по молитвите на монасите и на сите верни се случуваат исцелителни чуда. Жените кои се неротки со вера во исцелителната моќ на иконата доаѓаат да се ноклонат пред неа, најмногу за празникот на манастирот - Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) на 21 септември. Според легендата за време на втората светска војна на повеќе наврати иконата била фрлана во езерото со цел да се уништи, но секогаш повторно се враќала на Брегот од езерото, сведочејќи за тивкото присуство на Божјата Благодат, која по Божја промисла се излева на ова место.

„Рождество на Пресвета Богородица Пештерна“[уреди | уреди извор]

Потекнува од XIV век. Оваа црква е основата на самиот манастирски комплекс. Црквата се наоѓа во карпа и во неа се наоѓаат три монашки ќелии - 2 на првиот кат и една на вториот кат. Во близина на црквата има две исцелителни води посветени на Свети Петар и на Свети Ананија.[1]

„Св. Атанасиј“[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Црква „Св. Атанасиј“ - Калишта.

Се наоѓа во непосредна близина на манастирот Калишта, јужно од него, срасната со околните карпи, се наоѓа пештерната црква, посветена на Александрискиот архиепископ - Атанасија.Во внатрешноста е сочуван најголемиот ансамбл на средновековното сликарство во Струшко. Иако не се зачувани пишувани извори, стилските белези на овие фрески недвосмислено упатуваат на нивното датирање во седумдесетите години од 14. век. Гледајќи го сликарството во целост, зачуваните ликови на светителите и неколкуте композиции од Големите Празници, со помош на ликовните карактеристики на овој живопис, ни откриваат рака на вешт зограф, кој одлично го познавал својот занает, а со голема љубов ги сликал познатите ликови што го илустрираат Светото Евангелие. Дел од живописот бил насликан и во 19. век.

„Св. Петар и Павле“[уреди | уреди извор]

Оваа црква е најнова во комплексот. Под неа има извор на лековита вода. Изградена е во 1990 година, а осветена е на 8 мај 1997 година.

„Св. Теодор Тирон“[уреди | уреди извор]

Во еден од конаците постои параклис посветен на Св. Теодор Тирон, изграден и живописан во 2002 година. Монасите од братството го користат за совршување на своите молитвени правила во зимскиот период. Овој параклис, а всушност и целиот конак,е надвиен од вековните гранки на стариот чинар, кој го зазема централното место во манастирот. Стар е 645 години и се верува дека неговиот постанок, е паралелен со населувањето на првите монаси во овој комплекс.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Празник на иконата на Пресвета Богородица во Калишта" (македонски). Премин. конс. 2010-10-17. 

Галерија[уреди | уреди извор]