Зграда на Министерството за образование (Струга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зграда на Женското занаетско училиште/Министерството за образование
Зградата гледана од југ, 2022 година
Карта
Општи податоци
Адресаул. „Владо Малески“ (порано „Партизанска“)
ГрадСтруга
ЗемјаМакедонија
Завршена1935[1]
НарачателДрага Јевтиќ[1]
Технички податоци
Катови2

Зграда на Женското занаетско училиште, познато и како Подрачна зграда на Министерството за образование ― стара зграда во Струга. Зградата е вистински показател на архитектонско градежните вредности на периодот во кој била изградена. Зградата припаѓала на поранешното занаетско училиште наменето за женски и на подрачното одделение на Министерството за образование. Заедно со Старата зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“, зградата е прогласена за Споменик на културата под називот Образовен комплекс на ул. „Партизанска“ бр. 4.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Спомен плочата.

Како пишува на плочата поставена на самата зграда, градбата била подигната во 1935 година од страна на Драга Јевтиќ. Таа била професор од Белград, чии што родители биле од Струга.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Западниот ѕид и тераса.

Градбата е класичен претставник на градската архитектура, кој датира од почетокот на XX век, поточно во 1935 година. Изградена е со висина од П+1 кат, при што во двете катни висини како градежен материјал била користена полна тула. Во приземјето таа има правоаголен облик, додека катот на јужната фасада од двете страни е повлечена со што се добиени две странични тераси, оградени со профилирана ограда од балустради. На тој начин е збогатен надворешниот изглед на градбата. Фасадата е икрасена со благи профилирани елементи. Од сите страни градбата е оивична со вертикални пиластри. Кај меѓукатната конструкција и стреата се створени хоризонтални фризови, додека отворите се украсени со второстепена пластика со изглед на пиластрите. Целосната столарија во градбата е дрвена, а на некои од приземните прозорски отвори се поставени заштитни метални решетки од надворешна страна. Меѓукатната конструкција е дрвена како и покривот, кој заради разиграноста на катот е повеќеводен и покриен со ќерамиди. Градбата го задржала првичниот фасаден изглед, а за евентуални промени во неговата внатрешност не постојат податоци.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Споменичка целина Образовен комплекс“. Управа за заштита на културното наследство. 2012. Архивирано од изворникот на 2017-10-23. Посетено на 10 ноември 2022.
  2. „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 9 август 2021. Посетено на 9 ноември 2022.
  3. „Архитектонски објект министерство за образование – п.е. струга“. Управа за заштита на културното наследство. 2012. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 9 ноември 2022.