Куќа на Каневчеви (Струга)
| Куќа на Каневчеви | |
|---|---|
Поглед на куќата | |
![]() | |
| Општи податоци | |
| Статус | споменик на културата |
| Вид | куќа |
| Стил | староградски |
| Град | Струга |
| Земја | |
| Завршена | XIX век |
| Технички податоци | |
| Катови | 2 |
Куќа на Каневчеви — стара куќа во градот Струга, прогласена за културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Куќата е сместена во Струшката чарија, на левиот брег на реката Црн Дрим. Се наоѓа на улица „Браќа Миладиновци“ бр. 16.[2] До неа е Спомен-галеријата „Вангел Коџоман“, а спроти неа е Спомен-домот на Браќа Миладиновци.
Историја
[уреди | уреди извор]Куќата е изградена во XIX век. Била сопственост на Милица Канавчева. Според спомен-плочата до влезната врата, на 23 септември 1941 г. во куќата е одржан конститутивниот состанок на Месниот комитет на КПЈ за Струга и Струшко во присуство на народниот херој Кузман Јосифоски-Питу, чија биста стои до натписот.
Подоцна куќата прешла во сопственост на Народниот музеј „Д-р Никола Незлобински“.[2] Денес во неа е сместена Средоземната академија „Браќа Миладиновци“.
На 7 декември 1954 г. и повторно на 28 јуни 2017 г. куќата е објавена за споменик на културата.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- 1 2 3 План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион со Акциски план (2020-2029) (PDF). Скопје-Охрид-Струга-Дебрца. 2020. стр. 295. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-11-16.
