Трета струшка парохија

Координати: 41°10′38.1″N 20°40′27.9″E / 41.177250° СГШ; 20.674417° ИГД / 41.177250; 20.674417
Од Википедија — слободната енциклопедија

Трета струшка парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Струшкото архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија. Парохиски свештеник е протојереј Темелко Донески (сос. 2016). Парохијата ги опфаќа селата ’Ржаново, Селци, Пискупштина, Глобочица, Радожда и Калишта.

Цркви[уреди | уреди извор]

Ова е список на црквите во парохијата.[1] Можно е списокот да е нецелосен.

Црквите од Калишкиот манастир, кој е ставропигиален манастирски комплекс, не припаѓаат на ниедна парохија, но наведене се во списокот само заради територијата која ја покрива оваа парохија.

име населено место изградена слика
Црква „Св. Ѓорѓи“
(парохиска црква)
Струга 1835
Црква „Св. Недела“ ’Ржаново XVI век
Црква „Св. Никола“ Селци XIX век
Црква „Св. Никола“ Селци
Црква „Св. Атанасиј“ Селци
Црква „Св. Никола“ Пискупштина 2008
Црква „Св. Јован“ Пискупштина
Црква „Св. Антониј“ Глобочица 1993
Црква „Св. Илија“ Глобочица 19 септември 2011
Црква „Св. Илија“ (потопена црква) Глобочица XV век-1965
Црква „Св. Никола“ Радожда XVIII век
Црква „Св. Илија“ Радожда
Црква „Св. Петка“ Радожда
Црква „Св. Никола“ Радожда XIV век
Црква „Св. Богородица“ Радожда
Црква „Св. Недела“ Радожда 2001
Црква „Св. Никола“ Калишта 1972
Црква „Св. Атанасиј“* Калишта XIV век
Црква „Св. Богородица“* Калишта XIV век
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“* Калишта 1977
Црква „Св. Петар и Павле“* Калишта 1998
Параклис „Св. Теодор Тирон“* Калишта 2002
* - дел од ставропигиален манастирски комплекс.
Административно не е дел од парохија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°10′38.1″N 20°40′27.9″E / 41.177250° СГШ; 20.674417° ИГД / 41.177250; 20.674417