Црква „Св. Петар и Павле“ - Коњско
Свети Петар и Павле
| |
Фреска на патроните на црквата, Свети Петар и Павле | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Ресенско |
Местоположба | |
---|---|
Место | Коњско (Ресенско) |
Општина | Ресен |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Апостоли Петар и Павле |
Изградба | 14 век |
Живопис | 14 век |
Архитектонски опис |
Свети Петар и Павле претставува пештерна црква во преспанското село Коњско. Пештерниот храм се наоѓа во пазувите на Пречна Планина, 1,5 км јужно од селото и претставува еден природен пештерен отвор, кој денес со повлекување на нивото на Преспанското Езеро, на околу 20 m високо во карпите, е со многу тежок пристап. Пештерата се состои од два дела, пред комора, или место за молитва и внатрешен дел, т.е. монашко живеалиште. Сочувани се ликовите на „Исус Христос”, Свети Петар и Павле”, како и ликови на непознати маченици. Името на зографот е непознат, но се заклучува дека се работело за сликар кој добро ја познавал не само ликовната туку и теолошката содржина на насликаното, и истиот датира од кон крајот на XIV век.[1] Се смета исто така дека зографот ги следел во потполност сикарските постапки на работилницата која ги сликала црквата „Св. Богородица Заумска“ (1361), како и Свети Ѓорѓи во Костур, Егејска Македонија.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ангеличин Жура, Гоце (2004). Пештерните цркви во Охридско-Преспанскиот регион (Р Македонија, Р. Албанија, Р. Грција). Ирис. ISBN 9989114145.
- ↑ Bogevska, Saška. Un programme iconographique inhabituel dans la chapelle rupestre Saints-Pierre-et-Paul, Konjsko (Prespa) (PDF) (француски). ISBN 726.54(497.771)773 Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help).
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Невообичаена иконографска програма во пештерната црква Свети Петар и Павле Архивирано на 7 ноември 2012 г. - комплетна научна анализа
„Црква „Св. Петар и Павле“ - Коњско“ на Ризницата ? |
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |