Црква „Св. Богородица Пештанска“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Света Богородица Пештанска
Freska-Bogorodica Peštanska.jpg

Фреска во црквата

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Пештанска
Местоположба
Населено место Пештани
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Света Богородица Пештанска е македонска пештерна црква која се наоѓа во непосредна близина на селото Пештани. Сочуваниот фреско - живопис претставува најголем сликарски ансамбл што е сочуван, воопшто, во една пештерна црква на брегот на Охридското Езеро. Денес, поради продирање на атмосферските влијанија во внатрешноста на оваа пештерна црква, се отежнува нејзината посистематска анализа. Исто така, отсуствуваат пишани документи за неа. Сепак, со стилска анализа на сликарската постапка, се доаѓа до сознание дека ова сликарство поседува повеќе карактеристични одлики на Охридската сликарска школа од шеесетите години на 14 век и е сродно со сликарството во Марковиот манастир.[1] Фреско-декорацијата е изведена директно врз нерамната површина на карпите и сцените се прилагодени на нивниот облик. Помеѓу најзначајните композиции се сцените од Големите Празници: "Благовештението", "Рождеството", "Сретението Христово", "Крштевањето", "Влегувањето во Ерусалим", "Распетието", како и претставите на светите воини и лекари и најпочитуваните светители во Охрид, светите Климент и Наум Охридски.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Grozdanov, Cvetan (1980). Ohridskoto dzidno slikarstvo od XIV vek. Zavod za zaštita na spomenicite na kulturata. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]