Коњско (Ресенско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коњско
Коњско 01.JPG

Поглед на Коњско

Коњско во рамките на Македонија
Коњско
Местоположба на Коњско во Македонија
Коњско на интерактивна карта

Карта

Координати 40°54′40″N 20°59′14″E / 40.91111° СГШ; 20.98722° ИГД / 40.91111; 20.98722Координати: 40°54′40″N 20°59′14″E / 40.91111° СГШ; 20.98722° ИГД / 40.91111; 20.98722
Општина Ресен
Население 13 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 23018
Коњско на општинската карта
Коњско во Општина Ресен.svg

Атарот на Коњско во рамките на општината
Commons-logo.svg Коњско на Ризницата


Коњско (според мештаните Конско) — село во Општина Ресен, Преспанско, крај границата со Албанија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Коњско е село во Горна Преспа. Сместено е на брегот на полуостров на Преспанското Езеро. Од градот Ресен е оддалечено 32 километри. Соседни села се Стење на северозапад и Туминец (Општина Пустец) на југозапад.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од нахијата Долна Преспа на Битолската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948105—    
1953112+6.7%
196184−25.0%
197146−45.2%
198136−21.7%
ГодинаНас.±%
199113−63.9%
19944−69.2%
20023−25.0%
202113+333.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Коњско живееле 60 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Коњско имало 16 Македонци, патријаршисти.[3]

Според пописot на населението на Македонија од 2002 година, селото има само 3 жители, сите Македонци.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 11 Македонци и 2 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 60 16 105 112 84 46 36 13 4 3 13
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Коњско е македонско село.

Родови во селото се: Ѓоргијовци, Петревци и Тасевци.[10]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Ивановци со Секуловци, Ѓоргијовци и Тасевци (14 к.) доселени се некогаш од селото П’пли во егејскиот дел од Преспа. Овде се доселил некој дедо Иван, кој го затекнал само родот Танасовци, кои потоа целосно исчезнале од селото.[11]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1670 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом во селото Стење. Во избирачко место се опфатени и населените места: Коњско, Стење, Лескоец, Отешево.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 434 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[14]
Археолошки наоѓалишта[15]
  • Старо Село — црква и некропола од средниот век;
  • Голем Град — населба, црква и некропола од неолитско, хеленистичко, рисмко време и среден век;
  • Коњско — депо на монети од средниот век;
  • Бљудо — населба, црква и некропола од средниот век;

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 242.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
  11. Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87.
  12. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  15. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  16. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  17. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]