Магаза на Адиљ
Магаза на Адиљ | |
---|---|
![]() Поглед на магазата | |
![]() | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | магаза |
Адреса | ул. „Свети Климент Охридски“ бр. 16 |
Град | Охрид |
Земја | ![]() |
Завршена | 1883 |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Магаза на Адиљ или Магаза на Арнауд — магаза во градот Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата е сместена на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“ бр. 16, на раскрсницата со ул. „Климентов Универзитет“. Изградена е во 1883 година од непознати мајстори. Се состои од приземје и кат. Изведена е во камен со карактерисѕична жолто-црвеникава боја. Афлите се обликувани од обработени камени блокови. Отворите на приземјето имаат сводови од обработен травертин. На катот исто така има прозорски отвори со полукружни лакови, исто така од травертин. На нив се зачувани и металните капаци типични за охридските магази. Магазата завршува со обработена профилирана стреа од бигорни блокову. Покривор е повеќеводен, со ќерамиди-каналици. На фасада на магазата, високо горе меѓу прозорците на катот под стреата има мермерна плоча. Текстот гласи „1883... Никола Наумъ Арнаутъ“.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Магаза на ул. Св. Климент Охридски бр.16“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 5 септември 2017.