Магаза на Тилеви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Магаза на Тилеви
Ohrid, street 2 Crop.jpg
Поглед на магазата
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типмагаза
Адресаул. „Свети Климент Охридски“ бр. 41 и 43
ГрадОхрид
Земја Македонија
ЗавршенаXIX век
Технички податоци
Катови1+1

Магаза на Тилевимагаза во градот Охрид, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата се наоѓа на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“ бр. 41 и 43, на раскрсницата со улицата „Димитар Влахов“. Изградена е во втората половина на XIX век од непознати мајстори. Се состои од подрум, приземје и поткровен простор. Изградена е од камен и полна тула. Подрумот е од камен, поделен со ѕид на два дела. Дрвената меѓукатна конструкција е заменета со нова од монтажни керамички блокови. Приземјето е од полна тула со појаси од бигор, и на фасадата завршува со двореден профилиран венец од тули. Отворите на приземјето се нагласени со покукружни лакови од тули. Приземјето исто така е поделено со ѕид на два дуќана. Поткровјето над приземјето е од направено бигорни блокови. Има мали правоаголни отвори со оригинални метални капаци. Сета градба завршува со обработена профилирана стреа од бигорни блокови. Покривот е на три води со ќерамиди-каналици. На стреите има хоризонтални олуци од поцинкувана ламарина. Делови од јужната и источната фасада се малтерисани.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Магаза на ул. Св. Климент Охридски бр.41 и 43“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-09-06. Посетено на 5 септември 2017.