Црква „Св. Константин и Елена“ - Охрид
Изглед
Света Константин и Елена | |
Црквата Свети Константин и Елена во Охрид | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Дебарско-кичевска |
| Архијерејско намесништво | Охридско |
| Парохија | Прва охридска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Место | Охрид |
| Општина | Охрид |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Константин и Елена |
| Изградба | 1477 година |
| Живопис | 1477 година |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабна |
Свети Константин и Елена — македонски православен храм кој се наоѓа на доминантно место, во стариот дел на градот Охрид во непосредна близина на црквата Св. Богородица Перивлепта, односно во дворот на ОУ „Климент Охридски“ - Охрид. Над јужниот влез од внатрешноста е откриен натпис од кој дознаваме дека црквата е изградена и фрескоживописана во 1477 година. Во архитектонски поглед оваа црква е еднокорабна со попречен полуоблест свод. Подоцна од јужната страна е доѕидан мал параклис посветен на света великомаченица Параскева. Во внатрешноста целата црква е фрескоживописана[1].
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на влезот на црквата
- Поглед на црквата од западната страна
- Поглед на црквата и Охридското Езеро во позадината
- Црквата Св. Константин и Елена и зградата на некогашното основно училиште "Св. Климент Охридски", сега Митрополитска резиденција на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „„Св. Константин и Елена" - Охрид“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2012-04-09. Посетено на 2012-03-21.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Константин и Елена“ - Охрид на Ризницата ?
| ||||||||


