Прејди на содржината

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Велестово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаДебарско-кичевска
Архијерејско намесништвоОхридско
ПарохијаДеветта охридска
Местоположба

Карта

Координати41°4′59.4″N 20°49′41.9″E / 41.083167°N 20.828306°E / 41.083167; 20.828306
МестоВелестово
ОпштинаОхрид
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителПресвета Богородица
ИзградбаXV век
Живопис1444-1451
Архитектонски опис
Архит. типеднокорабна

Успение на Пресвета Богородица (во селото позната и како Пресвета Богородица Пречиста) — главна селска црква во охридското село Велестово.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата потекнува од XV век.[2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Црквата претставува мала еднокорабна градба со полукружен свод и тространа апсида. Била изградена од кршен и делкан камен.[3]

Во кругот на црквата се наоѓаат менза и селските гробишта.

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Живописот во црквата е изведен во две фази. Едната, според натписите (на старословенски јазик) започнала да се изведува во 1444 година, додека втората во 1451 година. Двете фази на сликањето на живописот се издвоени. Зографот што ја работел првата фаза се покажува како доста зрел, што не може да се каже за авторот што ја работел втората фаза. Фреските целосно го презентираат трендот што владеел во времето на османлиското присуство во Македонија.[3]

Во еден натпис што се наоѓа, од 1451 година, се споменува охридскиот архиепископ Никола во чие време е извршено живописувањето на црквата. Интересно е да се напомене дека нема други извори во кои се споменува дека на чело на Охридската црква бил архиепископот Никола.[3] Во натписот исто така е запишано место со име Глогово, кое веројатно било некогашно село на Галичица.

Фреските добиле нов слој на слики, но бил почитуван стариот распоред на претставите и целината останала ненарушена. Била конзервирана и заштитена во 1966 година, кога биле откриени и двата натписа на старословенски јазик.[4]

Галерија

[уреди | уреди извор]
Надворешноста
Внатрешноста

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 44. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. ↑ „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2020-01-01.[мртва врска]
  3. 1 2 3 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-10-06. Посетено на 2011-01-13.
  4. ↑ „Црквата Успение на Света Богородица, с. Велестово“. www.macedonium.org. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2020-01-01.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]